14:32 - 10 април, 2026

Јавноста се побуни: Последната желба на Ален Делон нема да биде исполнета

Познатиот француски актер Ален Делон почина во неделата на 89-годишна возраст, а една од неговите последни желби беше да биде погребан со омиленото куче.

Имено, познатиот актер бил многу приврзан за својот белгиски овчар Лубо, кој навлегол во 10-тата година, која се смета за доцна возраст за кучиња.

Поради оваа причина, Ален побарал од неговото семејство веднаш по неговата смрт да го заспие кучето и да го закопа заедно со него.

Меѓутоа, кога се слушнало за неговата желба, активистите за правата на животни организирале бучен протест, поради што семејството Делон решило да ја игнорира последната желба на Ален и да го остави кучето живо, пренесува британски Гардијан.

Активистите понудиле да најдат нов дом за кучето на Делон, доколку семејството повеќе не сака да се грижи за него, но семејството се спротивставило на тоа и одлучило да се грижи за кучето до крајот на животот.

– Само што разговарав со Анушка Делон (ќерката на покојниот Ален) и таа ми рече дека нема да го направи тоа, дека Лубо е дел од семејството и дека ќе биде згрижен. Кучето нема да биде заспано – изјави портпарол на фондацијата „Брижит Бардо“.

Слични објави

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin

Татин син: Миро Кацаров објави посебна фотографија од малиот Тадеј

msp-admin

Погледнете како изгледа скапоцениот стан на Николија во Атина, подарок од мајка ѝ Весна Змијанац

E.A.

Сите мислеа дека е бизнисмен полн со пари – откриено е со што се занимава момчето на Дара Бубамара

E.A.

„Не јаде, не пее, не честита“: Еве како изгледа празникот во домот на Ана Бекута без нејзиниот Мрка

E.A.

Дневен хороскоп за 10 април: Бидете трпеливи

apostolova
Се вчитува....