00:53 - 13 април, 2026

Холивуд во шок: Се самоуби сопругата на прочуениот продуцент, скокнала од балкон од хотел

Изабел Томас, сопруга на холивудскиот продуцент Бредли Томас, извршила самоубиство, потврди Канцеларијата за медицински преглед во Лос Анџелес.

Таа имаше само 39 години, а во понеделникот на 29 јануари скокна од хотелот „Анџелено“.

Градските власти како причина за смртта го наведоа самоубиството или повеќекратните трауматски повреди предизвикани од скокот.

Полицијата во Лос Анџелес изјави за Дејли Меил дека одговорила на повикот за мртва жена пронајдена во хотелски базен.

Отпрвин, сведоците рекоа дека таа скокнала од покривот на хотелот, но ТМЗ пишува дека инспекторите утврдиле дека Изабел скокнала од тераса на еден од повисоките катови. Медиумите јавуваат дека не е пронајдено проштално писмо, но полицијата не ја потврди оваа информација.

Бредли Томас, кој е еден од продуцентите на Killers of the Flower Moon, кој неодамна доби 10 номинации за Оскар, е во брак со Изабел од 2018 година, а парот има две мали деца.

Долги години Бредли е продуцент на голем број познати филмски наслови како Dumb and Dumber, There’s Something About Mary, All the Money in the World, Triangle of Sadness и други.

 

 

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....