13.8 C
Скопје
13:18 - 17 март, 2026

(Фото) Ѕвезда до ѕвезда: Викторија Бекам објави нови фотографии од нејзината роденденска забава

Викторија Бекам објави нови фотографии од роденденската забава која ја приреди во приватниот клуб Освалд во Лондон. Прво го прослави својот 50-ти роденден со семејството, а сега ги покани и ѕвездите: на настанот се појавија нејзината долгогодишна пријателка Ева Лонгорија, водечките пејачи на Spice Girls, Том Круз и други.

Присутни беа и членовите на семејството на Викторија – сопругот Дејвид Бекам и нивните деца: Бруклин, Круз, Ромео и Харпер. На забавата не била сопругата на Бруклин, Никола Пелц, но на социјалните мрежи ѝ честитала на својата свекрва.

Ева Лонгорија, Харпер и Викторија Бекам, Кен Пејвс
Со ќерката Харпер
Со Дејвид Бекам, Марк Ентони и неговата нова избраничка
Со славниот готвач Гордон Рамзи и неговата сопруга
Со Том Круз
Со членките (и пријателки) на поранешната група Спајс грлс
Со Ева Лонгорија

Самата Викторија дојде на забавата со патерици, неодамна ја скрши ногата, но тоа не ја спречи да го избере својот вообичаен совршен стилски изглед.

Викторија го прослави својот роденден со семејството на Азурниот брег во Франција – во градот Сен Пол дел Венс, каде одлетаа со приватен авион и останаа таму само еден ден. Таму заедно со нејзиниот сопруг и со децата го посетија еден од најпознатите локални ресторани, Ла Коломбе д Ор.

Претходно, нејзиниот сопруг Дејвид Бекам објави видео со фотографии и видеа од неговата домашна архива, вклучително и снимки кои досега никој не ги видел и се пошегува дека нејзиното главно достигнување е што станала сопруга на капитенот на Англија.

Слични објави

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin
Се вчитува....