24.8 C
Скопје
14:16 - 12 септември, 2026

(Фото) Најпознатата српска инфлуенсерка во солзи поради сопругот, голманот на Курасао: „Мислев дека ќе добијам срцев удар“

Српската инфлуенсерка Зорана Јовановиќ, попозната како Зоранах, се огласи на социјалните мрежи по историскиот натпревар на нејзиниот сопруг, голманот на репрезентацијата на Курасао, Елој Рум. Рум на натпреварот против Еквадор, кој заврши без голови (0:0), забележа дури 15 одбрани на Светското првенство, што претставува рекорд за 90 минути игра на мундијалите.

Во емотивна објава, Зоранах ги сподели гордоста и стресот што ги доживувала за време на натпреварот.

„Каква неверојатна ноќ, љубов! Секогаш велеше дека вакви вечери се случуваат само еднаш во кариерата. Таква вечер ти се случи во 2019 година против Хондурас. Шеснаесет одбрани, што и денес е рекорд во историјата на Голд купот. Секогаш ми беше жал што не сум била таму кога освојуваше титули и доживуваше вакви моменти. Велеше дека Светското првенство е врвот на сè“, напиша таа.

Фото: Инстаграм/Зорана

Таа додаде дека Рум е пресреќен што настапува на Мундијалот и што на 37-годишна возраст повторно испишува историја.

„Најмногу одбрани во 90 минути во историјата на Светските првенства! Отсекогаш знаев за кого сум се омажила, но сега конечно и целиот свет може да го види тоа. Изгубив 15 години од животот. Мислев дека ќе добијам срцев удар, но вредеше. Засекогаш ќе бидам горда на тебе, на начинот на кој го правиш тоа и на сè што значиш за овој тим. Канзас, ти благодарам за најубавата вечер во нашите животи“, порача таа.

 

Фото: Инстаграм/Зорана

Емоциите ја совладале на трибините, па во еден момент и заплакала. По натпреварот гордо позирала со својот сопруг, кој во рацете го држел трофејот.

Фото: Инстаграм/Зорана

Единствениот голман со повеќе одбрани на еден натпревар на Светско првенство во модерната ера е Тим Хауард. Тој во 2014 година против Белгија забележа 16 одбрани, но по продолженија.

На Рум му недостигаше само една одбрана за да го собори и тој апсолутен рекорд. Сепак, во таборот на карипската репрезентација по натпреварот владееше исклучиво гордост поради историскиот успех.

Слични објави

Теодора Џехверовиќ купи луксузен стан од 400.000 евра, па ѝ го изнајми на колешка: „Се договоревме за пет минути“

Е.А.

(Фото) Љупка Митрова разменува бакнежи со сопругот на Малдиви: „Си го сликам телото затоа што си го сакам“

Еспресо

(Фото) Николија шокираше со својот изглед – позираше со кратка црна коса и доколенки

Еспресо

(Фото) Ленче Кукиќ како невеста плени со убавината, а Горан со стајлингот потсетува на Елвис Присли

Еспресо

Шокантен потег на Душко Тошиќ! Ѝ пееше на Карлеуша, а сега ја изостави од сите фотографии на Инстаграм

Еспресо

(Фото) „Таа секогаш ќе биде моето прво дете“: Елена Ристеска за посебната врска со внуката Делфина

Еспресо
Се вчитува....