21 C
Скопје
09:10 - 3 јуни, 2026

(ФОТО) ЗДРАВИ РЕЦЕПТИ ОД НУТРИЦИОНИСТКАТА БИЛЈАНА РИСТЕСКА: Здрава храна не значи следење на светските модни трендови, туку внес на хранливи намирници!

Нутриционистката Билјана Ристеска споделува со нас два рецепти за подготовка на здрава храна.

Што всушност претставува здрава храна? Колку често и зошто ја консумираме? Самоиницијативно го менуваме начинот на исхрана или само затоа што некој друг го направил тоа претходно? Многу прашања на една тема. Одговорите им се познати на нутриционистите, но дали и кој ги слуша?

Билјана Ристеска долги години самостојно работи и активно е посветена на нутриционизмот. Има многубројни достигнувања од областа на едукацијата, превенцијата, бенефитот од консумирањето на здрава храна.

Билјана Ристеска, фото -приватна архива

Со нас споделува два рецепти кои се вкусни, здрави и едноставни.

Не мора да се водите по грамажа на намирниците, слободно експериментирајте, додавајте или одземајте од количините – вели Билјана.

Рецепт за полнети печурки:

Претходно исчистените печурки се премачкуваат со сенф или со доматно пире. Настрана, ситно исечкајте зеленчук по желба ( лук, кромид, пиперка, туквица, може и модар патлиџан, морков, блитва, магдонос…) дозволено е се што имате дома. Не ги заборавајте зачините. Измешајте и со смесата наполнете ги печурките. На крај можете да додадете, по желба, сусам, афион или лен, но и малку кашкавал.

Хранливата вредност на печурките е огромна, богати со протеин, ги има дури 45% во сувите печурки. Ги содржат сите есенцијални аминокиселини, богати се со витамини, пред се од групите А,Б,Ц,К, бетакаротен и ергостерол. Содржат растителни масти, протеини, минерали.

Шампињоните се едни од ретките извори на витамин Д од растително потекло. Секој вид печурки има различен вид лековито својство.

фото – приватна архива

Рецепт за кофтиња од црвена леќа

– Смесата за ќофтињата се подготвува од црвена леќа, варена или откисната 10тина часа. Рендана и исцедена тиквичка, рендано морковче, кромидче, лукче, зачини по желба и вкус: бибер, куркума, оригано, магдонос, на крај сусам. Се печат во рерна околу 20-на минути ( може и помалку во зависност од вашата рерна), вели нутриционистката Билјана.

Леќата е нутритивно здрава храна и голем извор на белковини. Од витамини содржи Б1 и Б9, минерали, железо, магнезиум, фосфор, цинк и калиум.

Има влијание врз намалување на холестеролот во крвта, благодарение на содржината на диетални влакна кои ги содржи. Добра е против запек, одлично го одржува нивото на шеќер во крвта што е многу важно за дијабетичарите.

Леќата игра значајна улога во намалување на ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања.

Здрава храна не значи следење на светските модни трендови. Здрава храна подразбира дневен внес на хранливи материи во согласност со потребите на еден организам, што значи треба да се направи добар баланс меѓу внесените компоненти – витамини, минерали, аминокиселини, незаситени масти, јагленохидрати.

Слични објави

Дара Бубамара за караницата Јелена Карлеуша: „Беше добар шоубизнис, но никогаш немаше зла крв“

Е.А.

Сања Николиќ застана зад Слаткар по одлуката да се откаже од средствата за филмот: „Приказната зад камерите е поинаква“

Еспресо

(Фото) Семејна идила – Вељко и Богдана Ражнатовиќ уживаат заедно, позираа со најстариот син

Еспресо

Исповед на Сенида: Зад рефлекторите и сцената, јас сум само жена која му верува на своето срце

Е.А.

(Фото) Вулгарни навреди за сопругата и ќерката на Миро Кацаров, водителот се огласи лут

Еспресо

Неда Украден откри дека би простила неверство: „Не е реално да се сака само една личност“

Еспресо
Се вчитува....