14.8 C
Скопје
18:14 - 25 март, 2026

(Фото) Во злато од глава до пети ја распамети публиката: Теа Таировиќ влезе во Новата година како грчка божица

Српската фолк пејачка Теа Таировиќ за дочекот на Новата 2026 година во Белград избрала многу атрактивна комбинација која никого не оставила рамнодушен.

Пејачката е позната по своите интересни стајлинзи, но овој пат се надминала себеси. Синоќа изгледала како вистинска грчка божица облечена во злато од глава до пети, додека секој детаљ од стајлингот бил внимателно вклопен.

– Би сакала да запеам и на грчки, тоа сигурно ќе се случи следната година. Мислам дека грчкиот е најубавиот јазик за пеење – рече таа.

Како и секогаш, Теа дала сто отсто од себе на настапот кој ја воодушевил нејзината публика.

Неколку секунди пред полноќ, Теа почна да одбројува до Новата година заедно со својата публика, а потоа им ја честитала 2026 година и го отпеа својот голем хит „Нека вечерва гори Балкан“.

Кога ја прашале што сака за следната година, таа рекла: „Здравјето ми е на прво место. Сите ние што сме здрави и поминавме без некои поголеми тешкотии мора да бидеме благодарни, не можам да се жалам, животот е таков, сакам да поминувам низ животот со насмевка. Многу сум среќна и задоволна и се надевам дека така ќе продолжи и во 2026 година. Јас токму денеска напоменав дека се омажив на 25 години, издадов два албума, доста е. Сонувам за мајчинство, мислам дека секоја жена го чувствува мажот со кој тоа треба да се случи, така и јас почуствував.“

 

 

Слични објави

Чолиќ по инцидентот се врати на сцената – Еве што прави музичката легенда периодов!

Еспресо

(Видео) Се налути Марјан Коцев: Ме викаат на свадби, а ми забрануваат да пеам мои песни

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

(Фото) Викна обожавател на сцената, па се изненади: Џенифер Лопез урнебесно реагираше на настапот во Лас Вегас

Еспресо

„Ана Николиќ е навистина напорна“ – Познатиот дизајнер за драмата со пејачката: „Веднаш ја блокирам“

Еспресо

Аца Лукас не ја смета Цеца за идеална жена: „Јас сакам паметни жени, а рурални жени не ме интересираат“

Еспресо
Се вчитува....