21:49 - 9 април, 2026

(Фото+видео) Како во Холивуд: Маја Шупут приреди спектакл за петтиот роденден на својот син

Маја Шупут денес има вистинска причина да слави. Нејзиниот мал син Блум го слави својот голем петти роденден.

„Нека ти е најсреќниот 5-ти роденден, љубов моја. Ти си најсреќното, најслаткото и најшармантното суштество што некогаш сум го запознала. Ти си најголемата радост во мојот живот и убедливо најдобрата работа што некогаш сум ја направила. Нема ден кога не сум благодарна што си мој син и што нашата љубов е толку голема и што двајцата сме толку поврзани. Уживај во твојот голем ден, твојата мајка те сака“, напиша пејачката покрај серијата фотографии на кои се гледа како малиот го прославил својот роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by majasuput (@majasuput)

Нема сомнение дека ова е само првата во низата прослави, а како што можете да видите, Маја го почрстила со вистинска забава и црно-бела торта.

Во видеото кое го сподели пејачката, малото момченце беше елегантно облечено, како вистински мал господин, додека седи во луксузна диско лимузина и самоуверено поздравува: „Добредојдовте на мојата диско забава!“.

Комбинација од Џејмс Бонд и диско ѕвезда, во детска верзија плени на прв поглед. А, како што може да видиме, мајката и синот носеа слични облеки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by majasuput (@majasuput)

Слични објави

Анѓелка Прпиќ со сопругот Марко уживаат за сите пари – „Убави гулапчиња“

E.A.

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

(Фото) „Среќен Велигден“: Северина го прослави големиот празник со мајка си и синот Александар

Еспресо

„Носам паштета и кога летам со бизнис-класа“: Марија Шерифовиќ искрено за мајчинството и животната филозофија

К.С.

(Видео) Едноставна техника за фарбање јајца која дава волшебен резултат

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо
Се вчитува....