12:41 - 5 декември, 2025

(ФОТО) ВИ НОСИМЕ ПОГЛЕД НА СНЕГОТ НА ПОПОВА ШАПКА И НИЗ ГРАДОВИТЕ НА МАКЕДОНИЈА: Од утре почнува ски сезоната, бесплатно скијање во среда и четврток!

Утрово Попова Шапка „ се разбуди“ со највисока снежна покривка, поточно со 75 сантиметри снег.

Од Ски Центарот Попова Шапка најавуваат дека утре ( 15.12.2021 година) започнува новата скијачка сезона на Попова Шапка и потсетуваат дека „не ви е потребен ПЦР или Антиген тест, но сепак мора да се придржувате на здравствените протоколи и на мерките на заштита од Ковид 19, со кои ќе се заштитите себеси, но и сите останати во Ски – центарот“.

На денот на отворањето, среда и во четврток, користењето на ски – лифтовите и жичниците е БЕСПЛАТНО.
Од Ски Центарот Попова Шапка известуваат дека на денот на отворањето, во функција ќе бидат ставени:
– Шестоседата жичница.
– Ски – лифтот „Ајдучка рамнина 1“ – ГЕ.
– Ски – лифтот „Бабин Извор“ – Аеродром.
– Ски – лифтот „Поток 1“ – Тететкс.
– Ски – лифтот „Поток 2“ – Тететкс.
– Двоседа жичница „Св. Илија“.
– Двоседа жичница „Син врв“ – Церипашина.
А, во текот на сезоната ќе биде ставен во функција и ски – лифтот „Ајдучка рамнина 2“ – ГЕ.
Од петок (17.12.2021)  ски – билетите може да ги купите на 3- те билетарници на Големиот паркинг, спроти хотел „Попова Шапка“ и на 2-те билетарници на „Поток 1“ и „Поток 2“.
Од оваа ски-сезона, покрај Големиот паркинг, спроти полициската станица (P1), во целосна употреба се пуштени и два нови постоечки паркинзи – под хотел „Славија“ (P2) и паркингот спроти хотел „Скардус“ (P3).
Попова Шапка

 Со убав снег може да се пофали и Маврово. Околу 50-на сантимери наврнат снег веќе гарантираат забавно скијање на падините на Бистра.

Ски лифтовите Жолт, Детска радост, Галички 1, Галички 2, Бачило 1, Бачило 2 официјално се отворени од минатата сабота.

Маврово

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Маврово / Mavrovo (@mavrovo)

Во продолжение погледнете ја снежната денешна атмосфера и во другите градови низ Македонија.

Бања- кочанско
Делчево
Жировница
Присојница
Радовиш
Тетово
Центар Жупа – Дебар

 

фОТО КРЕДИТ – СЛАВЧО ПОПОСКИ, МЕТЕО ПРОГНОЗЕР

Слични објави

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо
Се вчитува....