03:44 - 11 април, 2026

(ФОТО) ТОНЧИ, СО СРЕЌА НЕКА Е!: Драгиот музичар се заколна на вечна љубов пред бога!

Брат, за арно за убаво!

Поминаа седум години откако се венчаа хрватскиот музичар Тони Цетински (52) и Дубравка Цетински (37). Всушност, тоа го направија кај матичар и во три различни градови, но сега заветот го потврдија и во црквата.

Вчера бил закажан Фестивалот на слободата во Загреб, каде што многумина очекувале да се појави и Цетински, но музичарот не се појави, од оправдани причини. Организаторите јавно откриле дека е на венчавка во црква.

Прославата се одржа во Опатија, а утрово Тони сподели фотографија со Дубравка, која во таа прилика носела долг бел фустан, вистинска венчаница.

„Секое добро кое го имаме или го правиме може единствено да доаѓа од Бог кој е само добар. Исто така ако љубовта сакате да биде вистинска  таа ќе мора да дојде од божјата љубов…“, е само дел од зборовите кои ги напиша Цетински.
МИЛИОТ ТОЈ, те сака Македонија!

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....