15:41 - 5 декември, 2025

(ФОТО) СИМОНА ЈОВЧЕВСКА, КРЕАТИВКА: Танцувајте на дождот со уникатни модни чадори!

Есента и календарски ни пристигна и деновиве изобилува дожд. И тоа одлично се совпадна со креативната работа на една креативна дама. Симона Јовчевска зрачи со позитивност, а тоа го пренесува и во креативната работа.

фото приватна архива
фото приватна архива

Накратко кажи ни која е Симона Јовчевска, со што се занимава покрај креативното хоби?

–  Ова прашање ми создаде една убавa насмевка на лицето … Патувајќи низ животот со  една голема љубопитност, верувам дека човек може да биде се она што ќе посака да  биде. Она кое до сега го создава мојот идентитет е музиката , која сум со неа од мојата  најмала возраст другарувајќи со пијаното, инаку, дипломиран соло- пеајач, вработена во  националната Опера и Балет како хорист и момнетално студент, втора година на  институтот по пихологија на универзитетот  „Св. Кирил и Методиј ”.

Твоите чадори се вистински хит низ градот. Имаат уникатни пораки и цртежи. Дали клиентите ти оставаат одврзани раце или стрикно работиш по нарачки?

– Станува збор за спој на тие две работи, нарачкате и одврзаните раце и како јас сето тоа ќе  го пренесам на чадорот. Сепак тематиката и насоката е онаа која што клиентите пред се ја  изразуваат како нивна желба.

Што е потребно за нивна изработка, со какви бои работиш и колку време ти е потребно?

– Чадор пред сè… Се шегувам, но секако, чадорот е моето платно. Она што е потребно се  текстилни бои, добри четки и секако инспирацијата, баш онаа од која ми зависи и времето  на изработка. Кога е голема нештата се случуваат во еден здив, но понекогаш ми се  потребни и денови… Некако најдолго време ми одзема процесот што се случува во мојата  глава, откако добро ќе го визуелизирам, времето поминато во цртање е многу пократко….

Постои ли некој цртеж кој навистина ти бил предизвик и тежок за изработка и зошто?

– Ух.. Ги има повеќе.. Тежината првенствено доаѓа од таа нерамна површина која ја има чадорот.. Мора да сте многу прецизни во се, една погрешна црта, и се добива поинаков израз. Другата тежина е што цртам од мојот инстикт, немам уметничко школо, кое веројатно многу би го олеснал целиот процес, така да со секој предизвик имам можност да се откривам и самата себе (се смее, н.з).

Дали може од ова хоби добро да се заработува?

– Да , може да се заработува, но на ниво на нашата економска состојба во државата. Затоа  ми е тешко да го дефинирам како добра заработка … Работите повеќе, добивате помалку во  овој случај…а под добра заработка би било, работите помалку добивате повеќе или доволно  за она што е сработено. Но со оглед дека ми е хоби и навистина сакам да се шири оваа убава  магија низ дождливите улици, се прилагодувам на цена која е достапна за повеќето.

Дали некој од твоите уникатни чадори е „прошетан“ по скопските улици од некоја позната личност?

– За мене сите кои што веќе имаат уникатен исцртан чадор се веќе познати личности … И на ова убаво си се насмевнав …

Од она што кај нас е естрада, и што ги толкуваме како познати личности, не . Освен Васил  Гавранлиев за кој имам исцртано чадор на кој го поклонив, поради една прекрасна соработка  во доменот на класичната музика во која настапувавме заедно.

А во кругот на афирмирани музичари од областа на класичната музика, кои за мене се од големо значење и личности со реноме, тогаш одговорот е – да .

За сите заинтересирани читатели кажи ни каде може да се нарачаат и купат овие прекрасни чадори?

– Сите оние кои што сакаат да ги разубавуваат дождливите улици и сакаат да ја шират оваа  убава магија, можат да ме пронајдат на социјалните мрежи:

Facebook : Симона Јовчевска

Instagram: Simona Jovcevska

Слични објави

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо
Се вчитува....