6.8 C
Скопје
08:53 - 1 април, 2026

(Фото) Марија Шерифовиќ го крсти синот: Ова се деталите од церемонијата

Популарната пејачка Марија Шерифовиќ вчера го крсти својот син Марио.

инстаграм

Марија Шерифовиќ вчера во црквата Свети великомаченик Димитриja во Белград го крсти својот наследник, малиот Марио, на денот на неговата слава, Свети Василије Острошки, пишува српски Блиц.

Пејачката синот го крстила во круг на семејството и блиските пријатели.

По крштавањето послужена е гозба за најблиските, односно бил организиран пријатен семеен ручек.

инстаграм

Да потсетиме, Марија Шерифовиќ на крајот на минатата година го доби синот Марио, кој на свет го донесе сурогат мајка.

Пејачката не крие колку многу ѝ се променил животот по раѓањето на нејзиното прво дете Марио.

„Марио е одличен, тој е прекрасно момче. Одлично се снаоѓаме. Тој е мало суштество со карактер што ми се допаѓа, ако е буден осум часа, седум се смее“, изјави во една прилика Марија, која потоа откри дали мајчинството ја променило:

„Ако тој требаше да ми се случи за јас да се сменам, тогаш е така. Сега на сите им е јасно што значат албумот и песната „Долази љубав“.„

 

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....