18.8 C
Скопје
15:58 - 11 март, 2026

ДОАЃА ТРЕТА ДОЗА ВАКЦИНА: Засилувач за одбрана од нови варијанти посилни од Делта

Израел веќе започна со воведување на трета доза на вакцина, а наскоро американската администрација, исто така, ќе ја објави својата намера да се вакцинираат лицата над шеснаесет години со трета доза.

По Изрел, и Франција и Германија веќе одлучија да се движат во оваа насока. Третата доза од вакцините ќе се случи во овие земји осум месеци по првата целосна вакцинација. Целта е да се осигура одбрана против можните нови варијанти кои наесен би можеле да станат посилни од варијантата Делта.

Американската администрација за храна и лекови уште минатата недела објави зелено светло за третата доза на вакцина, која засега е резервирана само за луѓе кои имаат слаб имунолошки систем, за да ги заштитат од варијантата Делта.

Одлуката се однесува на оние кои биле подложени на трансплантација или пациенти со рак, но Ентони Фаучи, директор на Американскиот институт за инфективни болести, веќе објасни дека верува дека во наредните месеци ќе има потреба од трета доза вакцини за секого, а не само за „кревките“.

Во меѓувреме, Pfizer и BioNTech објавија дека ги доставиле до американската Администрација за храна и лекови (ФДА) податоците од истражувањето за да ја поддржат евалуацијата на третата доза вакцина против „Ковид“ за идно овластување на овој „засилувач“ кај луѓе на возраст над 16 години. Истражувањето вклучило учесници кои добиле 30 микрограми засилувачка доза (трета доза) на нивната вакцина (BNT162b2), 8-9 месеци по примањето на втората доза.

 

 

Слични објави

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin
Се вчитува....