Познатата модна креаторка Верица Ракочевиќ (78) и нејзиниот сопруг, композиторот Вељко Кузманчевиќ, уште еднаш привлекоа големо внимание на социјалните мрежи со својата нова авантура — овој пат патување со мотор.
Имено, нивната заедничка фотографија предизвика бројни реакции, главно поради коментарот на младата актерка Аница Лазиќ, која кратко и духовито напиша: „Обожавам што Вера и на мотор оди во Шанел чарапи“.
View this post on Instagram
Оваа симпатична забелешка ја насмеа креаторка, а во својот препознатлив и хумористичен стил веднаш се надоврза и Вељко, чиј одговор ги насмеа сите следбеници:
„Каде и да тргнеме, само ме срами“.
Потсетувајќи се на нивната долгогодишна хармонична врска, Верица неодамна во медиумите отворено зборуваше за нивната разлика во години и лакоста со која Вељко ги совладува сите предизвици, истакнувајќи дека тој во нејзиниот живот дошол како вистинска награда.
