09:28 - 1 февруари, 2026

Зошто Пике ќе прави свадба со Клара Чиа, а не направи со Шакира: „Таа е девојка од убаво шпанско семејство, за разлика од Колумбијката…“

Како што пренесуваат забавните медиуми во Шпанија, свадбените ѕвона накоро ќе бијат за Жерар Пике и неговата млада партнерка Клара Чиа Марти.

Поранешниот играч на „Барселона“ и неговата партнерка се на неколку дена од објавување на свршувачката и последователниот брак. Како што пренесуваат шпанските медиуми веста ќе ја објават следниот викенд, како дел од венчавката на Марк(о), братот на Пике.

Според новите информации, поранешната партнерка на Пике, Шакира не дозволува нивните деца Саша и Милан да присуствуваат на свадбата.

За фановите на Каталонецот фрапантен е ставот на семејството Пике што беше откриен во шпанската емисија на новинарката Ана Роса, кое ја поддржува венчавката на синот.

Но Шпанците се прашуваат, зошто Пике никогаш не ја однесе пред олтар долгогодишната партнерка Шакира, а сега тоа ќе го направи со Клара?

Подготовките за венчавката меѓу Пике и Клара Чиа, според „Ел програма де Ана Роса“, „почнуваат сега, свадбата ќе биде во Барселона или во близина на Барселона, а парот веќе почна со подготовките…“.

Како што спомна водителката „Жерар Пике е многу возбуден да го направи чекорот што никогаш не го направил со Шакира“.

Всушност, меѓу причините за неговата одлука, семејството на Пик одиграло клучна улога.

„Доаѓањето на Шакира во Шпанија направи револуција, таа беше интернационална личност… но, од друга страна, семејството на Пике ја сака Клара Чиа затоа што таа е девојка „од дома“, девојка која зборува каталонски, која има убаво шпанско потекло, прекрасни родители, и затоа со неа е полесно“, изјави водителката на популарната емисија.

Во сабота на 24 јуни е закажана венчавката на Марк Пике и Марија, младата жена со која братот на поранешниот каталонски дефанзивец е во врска речиси една деценија. За време на свадбената церемонијата, како што пишуваат шпанскит медиуми, би пристигнала и свадбената најава за Жерар Пике и Клара Чиа.

Слични објави

Хороскоп за 1 февруари: Водолии, играте на картата за емотивен ризик

Еспресо

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Еспресо

(Видео) Жешки пози пред камерата: Рада Манојловиќ без градник го „запали“ интернетот

Еспресо

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.
Се вчитува....