9.8 C
Скопје
22:08 - 19 февруари, 2026

Зошто дадилките што работеле за Џенифер Лопез давале отказ по 7 дена и покрај високата плата

Пред десетина години, Џенифер Лопез очајно барала дадилка кога нејзините близнаци Макс и Еми биле многу мали, а нејзината кариера во подем. Да се ​​најде дадилка за Џеј Ло навистина не било тешко, бидејќи кој не би сакал да биде во близина на светска ѕвезда и да добива плата за тоа?

Иако се шпекулираше дека дадилките се збогатиле, можеше да се слушне и другата страна на приказната на оние кои решиле да ја прифатат оваа работа. Имено, Лопез имала проблеми со дадилките бидејќи често ги напуштале работните места поради големите очекувања што ги имала пејачката.

Се зборуваше дека сумата што ја добиваат дадилките е околу 2.250 долари неделно. И покрај високата плата, Лопез им давала премногу работа на дадилките и работата на крајот била премногу напорна за повеќето од нив.

– Вообичаено луѓето кои заработуваат огромни суми на пари и имаат многу професионални и социјални обврски ангажираат по една дадилка за секое дете, особено за новороденчиња. Но, Џенифер очекувала една дадилка да се грижи за близнаците, но и да работи 16 часа дневно, седум дена во неделата – открил изворот.

Првата дадилка „издржала“ само седум дена, а и на втората дадилка набрзо и било премногу.

Лопез во една прилика призна дека нејзините деца и кажале што не функционира во нивната врска, како на пример дека постојано работела и поминувала многу време надвор од дома.

Пејачката призна дека променила многу работи во животот за да има функционално семејство.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....