5.8 C
Скопје
00:30 - 15 март, 2026

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

Пејачката Јелена Карлеуша доби забрана за настап во Црна Гора откако вчера проговори за балканските земји кои ја поддржаа независноста на Косово и Метохија и најави поддршка за резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание.

Особено се истакна делот во кој пејачката вели дека „на секој Црногорец дедето е Србин, дека на секој Хрват дедото убивал Срби, а на секој Бошњак му пречи – иќ“.

Јелена изрази жалење што во нејзината работа се вклучила политиката на соседната земја и им се извини на сите кои ја следат нејзината работа.

„За жал, приморана сум да го откажам најавеното гостување во Подгорица поради грубо мешање на политиката во мојот настап. Се надевам дека прекрасниот братски народ на Црна Гора нема да дозволи различни политички струи во нивната земја да ги напаѓаат пејачките од Србија. Жал ми е што овие денови можеме да видиме како ја напаѓаат мојата земја, поддржуваат одземање на територија и гласаат против мојата земја и мојот народ, а потоа се лутат кога некој гласно ќе праша Зошто браќа?, напиша пејачката.

– Тоа што откажав настап каде што не ја почитуваат мојата земја и ме навредуваат затоа што сум од Србија е доказ дека не се продаваме за никакви пари. Не ме интересираат пари. Честитки за публиката од Подгорица, моите прекрасни фанови, жал ми е за ситуацијата и голем бакнеж до жителите на Црна Гора кои неизмерно ги сакам, заклучи Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил.

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....