16.8 C
Скопје
15:55 - 4 март, 2026

Зорица Брунцлик итно оперирана! Познато е во каква состојба е пејачката

Музичката ѕвезда Зорица Брунцлик (70) веќе некое време не е видена во јавноста, што поттикна бројни шпекулации за нејзиното здравје. Дека ситуацијата е посериозна отколку што првично се сметаше, стана јасно кога таа не се појави на концертот посветен на покојниот кум Шабан Шаулиќ, како и на неколку снимања на музичката натпреварувачка емисија „Ѕвездите на Пинк“.

Наместо неа, во жирито биле нејзиниот сопруг Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, Рада Манојловиќ и Радиша Трајковиќ Ѓани, но никој од нив не сакал да коментира за причините за нејзиното отсуство.

Според пишувањето на српските медиуми, Зорица била итно оперирана пред 10 дена во Белград, во Клиничкиот центар на Србија, по што била пуштена на домашна нега и закрепнување.

„Вистина е дека Зорица беше итно оперирана. Не сакам да навлегувам во деталите за дијагнозата ниту за зафатот, бидејќи семејството тоа не сака да го изнесува во јавноста, но можам да кажам дека сега е добро и дека се опоравува во својот дом. Пред еден месец, почувствува одредени проблеми и веднаш се јави кај докторот. По тестовите и поставувањето на дијагнозата, мораше итно да се оперира“, открил за „Свет“ извор близок до семејството.

Тој додава и дека пејачката сè издржала исклучително храбро.

„Зорица е добра и силна жена и токму поради тоа сè помина во најдобар ред. Таков човек мора да се справи со проблемите што го снаоѓаат, а таа е токму тоа – борец. Сега Кемиш и децата се со неа, се грижат за неа и не дозволуваат ништо да ѝ недостига. Се грижат за неа, како што секогаш прават“, заклучил изворот.

Обожавателите се надеваат дека музичката дива наскоро целосно ќе се опорави и ќе се врати на сцената што ги одбележа нејзините децении кариера.

Слични објави

Нада Топчагиќ искрено за стравот од смртта: „Се плашам дека јас ќе бидам следна!“

Еспресо

Додека трае кризата во Дубаи, синот на Трамп ја заследи српската инфлуенсерка Сара Дамјановиќ

Еспресо

Цело богатство на една слика: Музичарот Папаз со четирите деца и со сопругата

apostolova

(Фото) Зуица во опуштено издание со ќерка си Македонка во овој убав град

Еспресо

„Месечината ќе те чува како мајка“: Тамара со срцепарателна објава за Панчо

Еспресо

Кандидатка за Мис на Србија навредена од инфлуенсер: Ја нарекол „буцка“ пред сите на избор за убавина

apostolova
Се вчитува....