5.8 C
Скопје
02:28 - 1 април, 2026

„Златен лав“ за „Poor Things“, а најдобар режисер е Италијанецот Матео Гароне

Филмот „Poor Things“ (Кутри работи), готска драма во режија на Јоргос Лантимос, е добитник на престижната награда „Златен лав“ на годинашното 80. издание на Филмскиот фестивал во Венеција.

Во драмата, Ема Стоун ја игра улогата на младата жена Изабела Бакстер, грубо оживеана од научник откако претходно извршила самоубиство. Таа бега со промискуитетен адвокат за да започне одисеја на самооткривање и сексуално ослободување.

Сребрениот лав“, пак, го освои филмот „Evil Does Not Exist“ (Злото не постои), мистериозна рурална драма во режија на Јапонецот Рјусуке Хамагучи.

Најдобар режисер годинава е Италијанецот Матео Гароне за филмот „Me Captain“ (Јас капетанот), уште еден трогателен филм за мигрантите, кој ги следи тинејџерите од Сенегал додека минуваат низ африканска почва со надеж дека ќе стигнат до Европа. Младата ѕвезда на филмот, Сејду Сар, ја доби наградата за најдобар млад актер/актерка.

Наградата за најдобро сценарио им е доделена на Гиљермо Калдерон и на Пабло Ларен за филмот „El Conde“ (Грофот), сатиричен филм за чилеанскиот диктатор Аугусто Пиноче. Остварувањето „Green Border“ (Зелена граница), кој зборува за мигрантите блокирани на полско-белоруската граница, во режија на Полјачката Агњешка Холанд, ја доби специјалната награда.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....