Актерката Лидија Вукиќевиќ ја истакнува важноста на самодовербата и храброста при носење животни одлуки. По разводот од Митар Мркела, таа целосно се посветила на воспитувањето на своите синови како самохрана мајка. Лидија од бракот со Мркела има два сина, а како што неколкупати изјави, откако побарала развод, буквално процветала. Иако многумина ја советувале да не го прави тој чекор, таа знаела дека тоа е најпаметната одлука за неа во тој момент.
Денес вели дека не е лесно да се биде самохрана мајка, но нејзините синови се доказ дека успеала во животот.
– Јас сама ги изведов децата на вистински пат, само јас се грижев за нив. Најголемата борба што ја добив во животот е токму таа. Сè друго би поништила и глума и насловни страници и улоги. Апсолутно не би се сметала за вредна личност ако моите деца не беа такви, изјави таа.
Актерката се осврна и на тоа што денес многумина остануваат во бракови во кои не се среќни.
– Мислам дека луѓето не излегуваат од брак затоа што имаат голем страв. Штом дојде до изневерување, луѓето не треба да бидат заедно. Жените се тешат дека изневерувањето го зацврстува бракот. Не разбирам зошто луѓето живеат заедно само за да бидат во брак и да глумат семејство. Мене сите ми велеа: „Лесно ѝ е неа, маж ѝ е поранешен фудбалер, имала“, а јас немав, изјави таа за „Хајп“
„Ми велеа да не се разведувам поради пари“
По разводот од Мркела, со кого има два сина, Лидија тврди дека многумина ја советувале да не се разведува од финансиски причини.
– Луѓето ми велеа: „Немој“, поради финансискиот момент … Знаете дека актерите, особено како мене, самостоен уметник не живеат баш удобно, а кога сте во брак со фудбалер, сè е полесно – признава Лидија.
Таа додава дека парите не можат да ја направат среќна.
– Парите можат да ме направат спокојна, онолку колку што треба, но за среќа не се најважни. Јас својот живот го живеам на свој начин. Беше убаво, добивме два сина, но кога веќе не е убаво –подобро е да заврши. Сакам да ми се случи нова љубов – рече неодамна Лидија, зборувајќи и за тоа колку ѝ било тешко додека ги растела децата сама.
Инаку, Лидија во последно време често остава без здив со својот изглед, а како изгледа во поопуштено издание, погледнете во видеото погоре.
