5.8 C
Скопје
08:26 - 15 март, 2026

Здравствената состојба на Анџелина Џоли наеднаш се влошила: По разводот се разболела од опасна болест

Ќе се преселам кога ќе можам, зашто од сите места на светот, Холивуд не е здраво место за живеење – изјави Џоли.

Во последното интервју кое го даде за „Волстрит журнал“, Анџелина Џоли призна дека ако бирала што ќе прави денес во животот, никогаш нема да станела актерка. Можеби би ги зела в предвид театарските даски, но никогаш повеќе не би избрала живот и кариера во Холивуд.

„Денеска не би избрала работа на актерка. Кога почнав, немав никакви очекувања, ниту мислев дека се ќе биде толку јавно, што би морала толку од тоа да споделувам “,  ја започна својата исповед актерката.

Како што рече, повеќе од две децении под толку интензивен јавен интерес си го направиле своето, а се станало уште полошо по нејзиниот развод со Бред Пит, кога станала мета на таблоидите.

Таа призна дека сето тоа и предизвикало толку голем стрес што во 2018 година, за време на снимањето на продолжението на Дизни „Злобната вила 2“, забележала дека нејзиниот глас целосно се променил од моментот кога за прв пат го снимала споменатиот филм.

„Моето тело реагира на стрес, ми се зголемува шеќерот, а шест месеци пред разводот одеднаш добив Белова парализа“ – вели Џоли и додава дека нема социјален живот во Лос Анџелес.

Таа откри дека планира да го напушти Лос Анџелес засекогаш и да помине повеќе време во нејзиниот дом во Камбоџа.

„По разводот ја изгубив можноста да живеам и слободно да патувам. Ќе се преселам кога ќе можам, бидејќи од сите места на светот, Холивуд не е здраво место за живеење“ – изјави Џоли.

Слични објави

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо
Се вчитува....