21:12 - 25 август, 2026

Здравко Чолиќ откри како го освоила сопругата Александра: „Кога се венчавме, сите мислеа дека е скриена камера“

здравко чолиќ

Сопругата на Здравко Чолиќ со години е мистерија за јавноста. И покрај огромната популарност на пејачот, таа успеа да го сочува својот приватен живот и да остане далеку од медиумите.

Чолиќ со својата сопруга Александра е во брак со децении и заедно ги имаат ќерките Уна и Лара. Парот важи за еден од најскладните на естрадата, а Александра, иако покрај ѕвезда, секогаш се држи во сенка.

Во едно интервју, Здравко се потсетил на денот кога се венчале и искрено зборувал за љубовта што трае со години.

„Се венчавме на Први мај, сосема спонтано. Сите мислеа дека е скриена камера, затоа што тргнавме на излет. Долго бевме во врска, па беше време или ‘да’ или ‘не’. Во една врска мора да има почит и пријателство. Долгите врски, ако човек умее да ги издржи, не се лоши — напротив, учат на заедништво“, изјавил Чолиќ.

Пејачот открил и со што го освоила Александра.

„Секој маж сака некој да се грижи за него. Мислам дека тоа беше пресудно. Се запознавме одамна, во Макарска. Таа тогаш студираше во Белград, па продолживме да се гледаме и со тек на време почнавме да се забавуваме. Ме освои со својата едноставност и приврзаност. Се посвети на мене, се грижи, се нервира околу мене… Човек ја препознава личноста со која сака повторно да се види — тоа е некоја енергија што не може да се објасни. Може пред тебе да стои најубавата и најпаметната жена, а да сакаш што побрзо да си заминеш. Некогаш некоја ‘виша сила’ одредува зошто двајца луѓе се заедно, а други не. Моето и нејзиното поле на енергија се препознаа, и тоа беше доволно за нов почеток“, рекол Чолиќ за магазинот „Хело“.

Нивните ќерки растат далеку од очите на јавноста, но Уна е доста активна на социјалните мрежи, каде што често објавува фотографии од своето секојдневие и патувања, додека Лара претпочита приватност.

„Уна тоа го сака. Многу е дружељубива и комуникативна, па веројатно така се изразува. Тоа се тие години кога сите имаме свои фантазии и опсервации. Јас не се мешам — ако би се вмешал, сигурно нешто би ми засметало, па подобро е да не влегувам“, рекол Чолиќ низ насмевка.

Слични објави

Среде помирувањето со Душко, Карлеуша откри: Нашиот млад најбогат фудбалер ми се јавува цела ноќ и ме моли…

Еспресо

(Фото) Рада Манојловиќ се соблече на 41. роденден и предизвика тотален хаос на мрежите

Еспресо

(Фото) Спасен Силјаноски си создаде мало парче рај во родното Пополжани — мир, зеленило и природа покрај Треска

Еспресо

„Ми покажа што е љубов“: Поранешниот сопруг на Јована Јеремиќ се огласи за роденденот на ќерката

Е.А.

(Видео) Цеце Николова самоуверено позираше во костим за капење: „Мојот маж го заслужува најдоброто, затоа постојам“

Еспресо

(Видео) „Холивуд, чекај ме!“: Андрија Милошевиќ во шорцеви и раскопчана кошула возеше автобус

Еспресо
Се вчитува....