8.8 C
Скопје
20:24 - 5 февруари, 2026

Заев: Над 75 отсто од граѓаните се против референдум, горд сум на Договорот со Бугарија

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија е препознаен од сите граѓани, повеќе од 75 отсто се против иницијативата за одржување референдум за неговото поништување, покрената од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави  поранешниот премиер и потписник на Договорот, Зоран Заев,одговарајќи на новинарски прашања на маргините на конференцијата – „МКБГ2023.

Станува збор за конференција – „ Младите и образованието како клуч за посилно евроатлантско сојузништво“, на која свечено му беше доделена титулата почесен доктор на науки (Doctor Honoris Causa) на Илхан Ќучук, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија.

– Тоа е препознаено од сите граѓани, над 75 проценти се против ваквата иницијатива за референдум, а другите 25 отсто ги има бидејќи тоа се членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во светот нема да најдете никаде некој кој би бил против пријателство, добрососедство, соработка. Нашиот македонски народ и сите етнички заедници во Северна Македонија нема да го поддржат тоа, рече Заев.

Убеден сум, додаде Заев, дека нашето пријателство, добрососедство и соработка во иднина ќе биде пример и дека тој е горд не само на Договорот со Бугарија, туку и на Преспанскиот договор. Со нив, како што рече повторно ги изградивме нашите пријателства со нашите соседи и додаде дека како поранешен премиер стои на располагање да пружи помош во градењето на добрите односи меѓу Скопје и Софија, а помош понуди и во однос на деловната соработка.

Има ли политичка волја за измени во Уставот и за внесување на бугарското малцинство? На ова прашање Заев изрази верување дека има, нагласувајќи дека во нашиот Устав има седум етнички заедници, а дека со измените станува збор за впишување на наши граѓани со бугарска, црногорска, хрватска самосвест.

-Сметам дека тоа прашање, кое треба да се реши час поскоро. Хрватска која е земја членка на ЕУ на пример во нејзиниот Устав има 24 етнички заедници. Ние го разбираме бугарскиот Устав, тој е поразличен од нашиот Устав, е по линијата на Франција, САД и други, а ние сме мултиетничка земја и верувам дека тоа наскоро ќе го сториме и ќе чекориме кон отворање на поглавјата со ЕУ, истакна Заев.

Слични објави

Ела Дворник повторно живее со поранешниот сопруг: „Вистински пекол на земјата!“

Еспресо

(Фото) „Имав рак по рак, потпишав…“: Ќерката на легендарниот пејач ги откри деталите од мачната борба

Еспресо

(Фото) Првата заедничка фотографија: Еве како изгледа партнерот и татко на детето на Милица Тодоровиќ

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ отворено за тешката животна борба: „Денес е полесно, но морав да се изборам“

Еспресо

(Фото) Живеел во една соба, а денес има две вили во Србија и стан во Доминиканска Република: Миле Китиќ позира на егзотична дестинација

apostolova

(Фото) Некој ја има, некој ја нема: Карлеуша се пофали со ташната по која Мелина Џиновиќ „врескаше“ во бутикот во Монако

Еспресо
Се вчитува....