6.8 C
Скопје
12:13 - 25 ноември, 2024

Задавен со ремен, па докрајчен со нож: Што се знае за смртта на Андреј Ботиков, креаторот на вакцината Спутник V

Андреј Ботиков, еден од креаторите на вакцината Спутник V, е убиен во северозападниот дел на Москва.

Во Москва е убиен вирусологот, виш истражувач во Центарот Гамалеја, еден од креаторите на вакцината против коронавирус Спутник V, Андреј Ботиков. Социјалната мрежа Телеграм беше прва што го објави ова, подоцна информацијата ја потврдија руските новински агенции РИА Новости и РБЦ според информации од полицијата.

Инцидентот се случил во северозападниот дел на главниот град во областа Шчукино на улицата Рогов во станот на Ботиков. Според Истражниот комитет убиството се случило на 2 март – при расправија 29-годишен маж задавил 48-годишен издавач на стан, по што избегал од местото на злосторството.

Локацијата на осомничениот е во најкраток можен рок утврдена и тој е приведен. За време на распитот, човекот ја призна вината, тој беше обвинет според Дел 1 од чл. 105 од Кривичниот законик на Руската Федерација („Убиство“). Максималната казна според овој член е 15 години затвор. Полицијата истакна дека претходно мажот веќе бил кривично гонет за извршување на сериозно кривично дело.

Во петокот вечерта прес-службата на Московскиот градски суд извести дека Окружниот суд Хорошевски го уапсил осомничениот. Човекот се вика Алексеј Змановски. Признавањето на вината го потврди и во текот на судењето.

„Починатиот беше еден од креаторите на вакцината Спутник V, Андреј Ботиков, роден во 1974 година“, изјави за РИА Новости извор од органите на редот. Претставничката на органите на редот, Јулија Иванова во интервју за новинската агенција појаснила дека Ботиков бил задавен со појас.

Голем број медиуми и постови на Телеграм, повикувајќи се на очевидци и извори, дадоа некои детали за злосторството. Конкретно, беше соопштено дека лекарите брзо пристигнале на местото на настанот и се обиделе да го спасат Ботиков, но тој на крајот починал.

Дополнително, „Маш“ напиша дека на телото на Ботиков биле пронајдени и неколку убодни рани и гребнатини. Покрај Змановски, полицијата ја приведе и осомничената – 18-годишната девојка на наводниот убиец, Олга Дубоиска.

Исто така, беше кажано дека и Змановски и Дубоискаја биле од Калуга. Според објава на Телеграм, Змановски дошол во посета на Ботиков, каде што имале конфликт кој завршил со убиство. 29-годишниот маж ги украл личните работи на починатиот и побегнал. Девојката цело тоа време го чекала пред влезот.

Змановски претходно отслужил десетгодишна затворска казна во колонија поради киднапирање. Откако на 2 март го задавил Ботиков со ремен, го докрајчил со нож, украл скапоцености од станот и си заминал. Убиството  ѝ го кажал на својата девојка, но таа не се пријавила во полиција. Утрото на 3 март, Ботиков според колегите во центарот Гамалеја „изгубен“ и се обратиле до полицијата која го пронашла телото во станот.

Андреј Ботиков е коавтор на патентот за вакцината Спутник V против КОВИД-19, а во летото 2021 година со указ на претседателот Владимир Путин беше одликуван со Орден за заслуги за татковината, II степен.

Ботиков ја држеше работата на целата лабораторија на Државната збирка на вируси.

Главните области на неговата работа беа поврзани со проучување на вируси на патогеност групи 2-4.

Колегите на жртвата рекоа дека од почетокот на пандемијата тој бил активно вклучен во сите истражувања поврзани со коронавирусот. Поточно, тој разви модели за ширење на КОВИД-19, а потоа создаде вакцина против коронавирус.

„Андреј Генадиевич не беше само високо квалификуван специјалист, туку и многу љубезна и сочувствителна личност која секогаш беше подготвена да помогне. Ова е незаменлива загуба за сите нас“, рекоа колегите од Центарот Гамалеја.

Почина Том Сајзмор: Со него беше семејството, почина во сон

Слични објави

Конечно без кафеански маси и стомачен танц! Карлеуша се огласи за концертот на Тања Савиќ, колегите од „Гранд“ сè уште молчат

Еспресо

(Видео) Ќе ви разбуди носталгија: Елвир Мекиќ сними нова песна со Пајак и се врати на македонската сцена!

Еспресо

(Фото+видео) Што направила од себе! Линдзи Лохан дала 300.000 долари за промена на личниот опис

Еспресо

Почина словенечката манекенка Леа Плут на 38 години: Му беше девојка на Саша Капетановиќ

Еспресо

Хороскоп за 25 ноември: Јарците ќе бидат заводливи, Вагите ќе уживаат во ноќна забава

Еспресо

(Фото) Чизми од 2.000 евра: Георгина Родригез покажа дека има пари, но дали има и стил?

Еспресо
Се вчитува....