14:01 - 1 април, 2026

Вртоглаво: Откриена сумата што ја понуди раперот Пи Диди за ослободување од затвор

Раперот Пи Диди изјави дека е подготвен да плати 50 милиони долари за неговото ослободување. Ова го пренесува TMZ.

Музичарот бил подготвен да ја подари својата куќа во Мајами вредна 48 милиони долари, како и куќата на неговата мајка за 2 милиони долари. Сепак, судот го одби барањето на адвокатите на раперот.

На П. Диди му се заканува доживотен затвор или минимум 15 години затвор доколку биде осуден за три точки од обвинението за заговор за рекетирање, сексуална трговија и транспорт на лица за проституција.

Обвинителите рекоа дека продуцентот ги заведувал жените давајќи им дрога, ветувајќи им финансиска поддршка и романтични врски, а потоа користел тајни снимки од сексуални дејствија како уцена за да обезбеди молчење на жените, а понекогаш и заканувајќи им се со пиштол.

Во јули, поранешната порно-актерка Адрија Инглиш го обвини Комбс за трговија со луѓе и злоупотреба. Таа од него барала отштета од 50 милијарди долари. По ова следеа обвинувања од други жени.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо
Се вчитува....