11:42 - 2 април, 2025

Врниот готвач открива: Што јадела Џенифер Лопез на Капри; ова се специјалитетите со мирис на детство

Ѕвездата за својот престој во Капри „непцата“ му ги довери на еден од најпознатите италијански готвачи, ѕвездата Џенаро Еспосито, кој се погрижил за нејзиниот вкусен престој на островот.

Суперѕвездата Џеј Ло, по венчавката и медениот месец во Париз, беше гостинка во Капри на хуманитарниот концерт за Уницеф ​​во организација на LuisaViaRoma, познатиот луксузен шопинг бренд. Билетите се продаваа по неверојатни суми, а на холивудскиот партер во публиакта беа видени ликови како Спајк Ли, Џејми Фокс и Леонардо ди Каприо. Но, по успехот, Џеј Ло си дозволи еден ден одмор Капри и ручек на терасата со кујната на еден од најдобрите готвачи во областа, легендарниот Џенаро Еспосито, сопственик на две Мишелин ѕвезди.

Денес, кујната на Џенаро Еспосито е силно фокусирана на територијата (Италија) и неговите специјалитети се поврзани со сеќавањата и вкусовите од неговото детство, за што сведочат јадењата како што се модри патлиџани со сос, остриги со мирис на лимон и ванила, мешани тестенини со мали риби и ракови…

„Тоа беше приватен ручек во вила“, потврди готвачот Еспосито, кој објави фотографија на социјалните мрежи покрај поп-ѕвездата, кажувајќи дека ја разгалува со своите јадења и дека е изненаден од нејзината енергија, но и способноста – меѓу бројните квалитети – да ја цени добрата храна.

„Подготвивме класичен медитерански ручек на тераса“, вели готвачот, „свежо и неаполско: капрезе, сезонски летен зеленчук, боранија со пицајола, зелени пиперки со домат и босилек, модри патлиџани со печурки, а потоа ескарола со леќа како мајка ми што ја подготвува“. Се чини дека ова последното јадење предизвика особен восхит, покажувајќи како домашните рецепти често се највкусни и највозбудливи. „На ескаролата овации имаше, не само од Џенифер Лопез туку и од сите гости“, потврдува готвачот. „Ова е доказ за големата способност на медитеранската кујна да возбудува со едноставност“.

„По свежите предјадења следуваше рижото со доматен сос,  лигњи полнети со чадена провола (вид кашкавал) и зашеќерен лимон, а за главното јадење на менито сакавме да се стремиме кон „максимална свежина, со оглед на тоа колку е внимателна кон исхраната. “, објаснува готвачот.

Готвачот потоа сакал Џеј Ло да вкуси, во комбинација со приготвениот ручек, бело вино од Кантина Каза Сетеро дел Везувио, кое, вели Џенаро Еспосито, на ѕвездата особено ѝ се допаднало. „Во принцип, морам да кажам дека сите јадења беа многу ценети, така што ние сме многу горди на сработеното“.

Готвачот, во своите објави на социјалните мрежи, им се заблагодари на персоналот на хотелот Ла Палма во Капри, луксузна структура на групата Еткер Колекшн, а хотелот бил избран по предлог на  Џенаро Еспосито каде тој го предводел персоналот готвачи на самиот хотел.  „Сакав да ги споменам затоа што благодарение на нивната логистичка и организациона поддршка успеавме да го организираме овој специјален приватен ручек на најдобар можен начин“.

Слични објави

(Фото) Еве како Николина Пишек ја уреди вилата од 2 милиони евра! Водителката пазела на секој детаљ, на ѕидовите има голема слика и од Тито

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели сладок момент од синот: Малиот Марио трча во пелени, ужива во сончевиот ден

Еспресо

(Фото) Позната пејачка дошла без заби во емисијата на Сања Маринковиќ! Водителката ѝ порачала нешто, а таа со рака ја покрила устата…

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Биковите ќе запознаат некој интересен преку социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Тројна среќа: Горан Папаз сподели преслатка слика со трите близнаци!

Еспресо

Тајната е откриена: Колкава алиментација плаќал Драган Којиќ Кеба?

Еспресо