2.8 C
Скопје
21:32 - 28 февруари, 2026

Водителот Џони Ирвин им го скрши срцето на Британците – неговата Џесика, близнаците и синот Рекс ќе останат сами

Водителот на популарната емисија „Место под сонцето“, Џони Ирвин (48) објави дека води тешка битка со ракот во терминална фаза.

Тој вели дека според лекарите, му остануваат само уште неколку месеци живот.

Во интервју за магазинот Hallo, Ирвин изјави дека ракот се проширил на неговите бели дробови и мозокот и дека неговата цел сега е да ги инспирира луѓето да го искористат максимумот од секој ден.

Како што откри, првите знаци на болеста се појавиле во 2020 година кога видот одеднаш му се заматил додека возел.

– Во рок од една недела од тој момент ми рекоа дека имам уште шест месеци живот. Потоа морав да одам дома кај жена ми, која ги чуваше нашите новородени близнаци, и да и кажам дека ќе остане сама. Беше поразително, се што можев да направам е да и се извинам. Чувствувам одговорност за тоа што се случува – изјави Џони.

Тој со сопругата Џесика има три деца, близнаците Рафа и Кормак и синот Рекс (3).

– Дојде до таму да се чувствувам како да имам некоја валкана тајна, како да имам невидлив товар на грбот. Се надевам дека со отстранување на тој товар, ќе ги инспирирам луѓето кои се во иста ситуација, чиј живот е при крај, да го искористат секој ден на најдобар начин, да им помогнам да видат дека можат да живеат добар живот дури и ако умираат – изјави водителот, кој до неодамна ја криеше болеста од јавноста.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jonnie Irwin (@jonnieirwintv)

 

Слични објави

Хана Хуљиќ објави ретка фотографија со сопругот Петар Грашо

Е.А.

(Фото) Ќерката на Чолиќ ја напушти Србија откако беше фрлена бомба врз нивниот дом: Еве што прави Лара на патувањето

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ се сврши: Рале ја запроси облечен во гаќи

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ во топлес издание, ќерката на Харис позираше провокативно во црна танга

Еспресо

Хороскоп за 28 февруари: Биковите треба да ги изразат чувствата, Скорпиите ги очекува добар ден за комуникација

Еспресо

Гога Секулиќ во тага за својот роденден: Пејачката се огласи, еве што порача

Еспресо
Се вчитува....