-6.2 C
Скопје
06:56 - 25 ноември, 2024

Во жестокото судење на Де Ниро, вмешана сегашната партнерка: „Асистенткава мисли дека ти е жена, ќе си имаш проблем со мене, отпушти ја!“

Продолжува бурното судење меѓу Де Ниро и неговата поранешна асистентка Греам Чејс Робинсон која го тужеше за родова дискриминација и сексуално вознемирување. Судењето се одвива во судот на Менхетен. Актерот бурно реагирал кога му се заканувала дека ќе вработи адвокати откако дала отказ од работата во неговата компанија, се дозна вчера во судницата.

На поротата ѝ се покажани пораките кои ги разменувале Роберт де Ниро и неговата сегашна партнерка со која доби дете, Тифани Чен. Разговорот датира од мај 2019.

„Можеш да поверуваш? Што мисли таа која е?“, напишал Де Ниро.

„Мисли дека ти е жена, го видов тоа уште од почеток, ти реков“ – му одговорила Тифани Чен.

„Дрскост.Како се осудува?“ – бил бесен Де Ниро.

„Том ќе ја среди“ – рекла Тифани мислејќи на адвокатот на глумецот кој ја тужел Греам дека ја украла фирмата.

Глумецот преходно негираше дека ја отпуштил Греам поради притисокот кој го имал од Тифани Чен.

„Ако ја задржиш – ти и јас ќе имаме проблеми“ – му напишала Чен на Де Ниро нарекувајќи ја Греам „е*ено непристојна“ и „одвратна орос*пија“.

„Не знам како тоа не го гледаш. Не сакаш тоа да го видиш зашто сте блиски“ – продолжила. Глумецот се согласил дека однесувањето на неговата поранешна асистенка е неприфатливо.

„Нема да бидам среќна додека не кажеш дека бараш замена за неа. Ако ја задржиш неа во твоја близина, тоа ќе биде шамар за мене“ – била упорна Чен.

Нејзиниот адвокат го прашал актерот дали ова го смета за ултиматум: „Ти го нарекуваш ултиматум, јас не“. Тој истакнал дека Тифани еднаш побарала од Греам да ја напушти работата во компанијата на актерот.

„Никој не може да ми каже што да правам во своја фирма и точка“ – бил конкретен Де Ниро и нагласил дека никогаш не ѝ претел на Греам зашто не му е таков стилот.

Според актерот, тој и Греам разговарале и преговарале, па нејзината годишна плата скокнала од 200.000 на 300.000 долари.

„Минував низ развод, се селев. Реков дека тоа не е вистински момент. Знаев што прави, таа го избра моментот да каже дека ќе замине. Не реков дека мора да го направи тоа.Разговаравме за тоа“, тврди Де Ниро.

Робинсон работеше за Роберт Де Ниро од 2009 до 2018 година. Таа го тужи за силна душевна болка и оштетување на нејзиниот углед, барајќи отштета од 12 милиони долари, пишува Дејли Мејл.

 

Слични објави

(Фото) Чизми од 2.000 евра: Џорџина Родргиез покажа дека има пари, но дали има и стил?

Еспресо

(Фото) Вака изгледала Мелина некогаш: Таа имала 21, а Харис 51 година, без ниту една естетска корекција!

Еспресо

(Видео) Се ожени синот на Даниел Поповиќ: И невестата и свекорот се фатиле за микрофонот на веселбата

Еспресо

„Родена сум со 4 помалку…“: Марија Шерифовиќ откри кој недостаток ѝ бил дијагностициран како бебе

Еспресо

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо
Се вчитува....