5.8 C
Скопје
05:35 - 1 април, 2026

Во Сан Франциско е убиен еден од креаторите на Андроид – Боб Ли имаше 43 години

Боб Ли, 43-годишниот извршен директор кој ја создаде услугата за мобилно плаќање „Cash App“, и еден од креаторите на Андроид, беше избоден до смрт во Сан Франциско.

Технолошкиот магнат беше нападнат во центарот на Ринкон Хил во 2:35 часот, потврди полицијата на Сан Франциско.

Си-Би-Ес Њуз потврди дека Ли бил пронајден со повеќе убодни рани и веднаш бил пренесен во блиската болница, каде што им подлегнал на повредите.

Според извршниот директор на компанијата, Џошуа Голдбард, Ли бил „сила на природата“.

– Боб беше сила на природата. Тој помогна да се роди Android и CashApp во нашиот свет. Моби беше неговиот сон: паричник за приватност за 21 век. Ќе ми недостига секој ден, изјави Голбард за локалните медиуми.

Извршниот директор на Твитер и Тесла, Илон Маск, исто така го коментираше ужасниот инцидент, прашувајќи ја канцеларијата на окружниот обвинител во Сан Франциско што прават во врска со „казнувањето на насилните криминалци“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....