5.8 C
Скопје
07:05 - 1 април, 2026

Во овој град Александра Пријовиќ не е добредојдена: Не може да го продаде ни првиот концерт!

Иако српската популарна млада пејачка Александра Пријовиќ полни по неколку огромни сали последователно во градовите низ регионот, во еден град публиката не покажува интерес за неа.

Пријовиќ, потсетуваме, неодамна настапи пет вечери последователно во Осиек, а претходно го урна рекордот во полнење на загрепска Арена, каде исто така настапи пет вечери.

Но, ситуацијата не е таква со Задар. Александра Пријовиќ се уште го нема распродадено својот прв концерт во Задар. Според моменталната состојба, билетите се уште се достапни на партер, во фан питот, но и на трибините.

– За сите концерти што досега се одржани и кои ќе се одржат во салата на Вишњик, секогаш има голем интерес од публиката. Сите изведувачи кои настапуваат на Вишњик имаат еднаков статус, а ние се придржуваме до потпишаните договори. Што се однесува до концертот на Александра Пријовиќ, во моментов салата не е целосно распродадена, па затоа организаторите не пројавија интерес за дополнителни термини за одржување на нејзин концерт – изјави новиот директор на ШЦ Вишњик, Томислав Зубчиќ.

Организаторот на концертот не соопштува ништо за наводите на Зубчиќ.

Инаку, Пријовиќ досега најавуваше по неколку концерти во сите градови каде што настапуваше поради голем интерес. Така веќе се најавени и три концерто во Риека и во Вараждин.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....