14:21 - 5 декември, 2025

„Во Херцеговина се венчаат само еднаш“ – Бјелогрлиќ откри дека е горд што успеал да го спаси бракот кој трае 27 години

Српскиот режисер Драган Бјелогрлиќ во едно од своите интервјуа за првпат откри што се крие зад некои од неговите најуспешни филмови на кои работел, а за кои јавноста не знаела.

„Филмот е работа на пазарот. Тие пари се обидувате да ги соберете од разни фондови, кои се неповратни. А потоа правите проценка колку филмот може да заработи во кино и колку треба да вложите и да ризикувате во однос на некоја проценета гледаност. Кога се работи за серии работите се поедноставни. Засега е така. Не зависиш од успехот на серијата, туку од тоа дали си направил добра зделка или не. Но, има случаи како мојот со првата сезона на „Сенки над Балканот“. Продуцентите не пресметаа добро и тогаш ми фалеа скоро 100.000 евра. Не пресметав и јас добро и само се надевав дека ќе успее серијата и дека ќе излезе втората сезона, што за среќа и се случи“, рече Бјелогрлиќ.

Тој зборуваше и за филмот „Рани“.

„За малку ќе банкротиравме по овој филм. Бевме на работ на банкрот, бевме во огромна загуба. Од друга страна, тоа е еден од најважните филмови во деведесетите. Така што во оваа работа е тешко е да се каже што е успех, а што неуспех. На пример со „Рани“ направивме добар филм, но лош бизнис. После тоа направивме други филмови“, рече Бјелогрлиќ.

Спомна дека во деведесеттите сè било во хаос, но дека тогаш ги правеле најдобрите филмови.

„Најгорд сум што успеав во целата оваа моја непријатна работа да го спасам семејството, што сум во брак 25 години, што имам две прекрасни деца и прекрасна сопруга. Така што мојот најголем успех е мојата сопруга. Звучи малку патетично, но тоа е, искрен сум. По потекло сум од Херцеговина, а уште како дете ми велеа дека луѓето од Херцеговина се венчаат само еднаш. И јас се сетив на тоа и така остана“, рече Бјелогрлиќ.

Слични објави

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо
Се вчитува....