33.8 C
Скопје
14:17 - 17 август, 2026

Внуката ѝ е утеха откако ја загуби ќерката: Пејачката Јулија емотивна за роденденот на Стефанија

Пејачка и водителка Јулија Мациевска ги разнежни пријателите на социјалните мрежи со својата искрена емоција.

По повод роденденот на својата внука Стефанија, таа сподели нејзина фотографија и упати срцепарателни зборови, потсетувајќи на нераскинливата врска што ја имаат, но и на празнината што ја носат во душите.

„СРЕЌЕН РОДЕНДЕН СТЕФ, сонце и светлино наша. Родена во знакот на близнаци, на денот на нашите двајца Светители Св. Кирил и Методиј, дојдена на свет со дупла енергија, со многу таленти, со љубов, со харизма која плени и скромност за восхит. Љубов наша, биди благословена со сè најубаво“, напиша Јулија.

Најтрогателниот дел од честитката е потписот, каде Јулија ја споменува својата прерано почината ќерка Андријана, испраќајќи порака дека мајчинската љубов нè чува и од вечноста: „Засекогаш со тебе, мами Ан-к’зм од вечноста и баба Јулија – твоја Јуки“.

Фото/Фејсбук

Ќерката на Јулија и мајка на Стефанија, Андријана Мациев, почина по долга и тешка борба со ракот. Андријана, која беше позната македонска уметница и сликарка, ја изгуби битката со суровата болест во 2022 година, оставајќи ја зад себе својата единствена ќерка Стефанија која е актерка.

Слични објави

32 години од првите „Охридски трубадури“: Како почна фестивалот што ја слави македонската песна

Т.Ц.

(Фото) Миа Костова во шок! Една година комуницирала со лажен профил, се јавија и мајки на болни деца

Еспресо

Љубовта на Арсен Дедиќ и Габи Новак: „Кога имате некого како Габи, не можете да бидете несреќни“

Т.Ц.

(Фото) Тенисерката Лина Ѓорческа овој пат куферот го спакува за на плажа

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат – Неда Украден го прослави 76. роденден, изгледа неверојатно во бикини покрај море

Еспресо

(Фото) Стефан Лазаров и Марта ги одбројуваат деновите до најубавата животна улога — вљубени и насмеани уживаат во Охрид

Еспресо
Се вчитува....