21:34 - 4 април, 2026

Владата на Борис Џонсон се тресе: двајца клучни министри поднесоа оставки, „Не можеме да продолжиме вака“

Министерот за финансии Риши Сунак и министерот за здравство Саџид Џавид поднесоа оставки. „Не можеме да продолжиме вака“, вели Сунак.

Борис Џонсон се повеќе губи рамнотежа. Оставката на двајца клучни министри, во рок од неколку минути, ја загрозува стабилноста на владата.

Министерот за финансии Риши Сунак и министерот за здравство Саџид Џавид поднесоа оставки. „Не можам да продолжам да служам во оваа влада слушајќи ја мојата совест“, рече Џавид.

„Јавноста има легитимно очекување владата да биде водена од компетентност и сериозност“, напиша Сунак во оставката која ја објави на Твитер.

„Не можеме да продолжиме вака“, е неговиот заклучок. Во писмото, Сунак ги истакна „огромните предизвици“ со кои се соочува Британија, додавајќи дека британскиот народ е „подготвен да ја слушне вистината“.

Оставките на двајцата министри од кабинетот го доведоа Џонсон во големи тешкотии по „Партигејт“ и другите неодамнешни секс скандали што се случија од членови на партијата, а во последниот скандал главната улога ја имаше Крис Пинчер, чија улога беше да одржува дисциплина меѓу пратениците, а беше обвинет за недолично однесување и малтретирање мажи.

Само неколку минути пред двајцата министри да поднесат оставка, Борис Џонсон се извини за назначувањето на Крис Пинчер на владина функција.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....