-0.2 C
Скопје
04:25 - 12 март, 2026

Вкусови што се памтат: Руска кујна – Традиционална руска пита со јаболка (РЕЦЕПТ)

Кога ќе се спомне руска кујна нешто што прво ви доаѓа на ум е руската салата која е особено популарна во овој период. Типично за руската кујна е што изобилува со богатство од рецепти чии главни состојки се риба, живина, печурки, шумски бобинки и мед во десертите.

Денес се одлучивме за уште еден традиционален руски рецепт , а тоа е популарната руска пита со јаболка која е одлична за овие престојни празнични денови. Супер брза за подготовка и многу вкусна.

Состав:

· 5-6 поголеми јаболка
· 3 јајца
· 200 гр. шеќер
· 1 мала лажичка екстракт од ванила
· 125 гр. брашно
· 1 мала лажичка цимет
· 3 лажички шеќер во прав за декор

Подготовка:

Во подлабок сад ставете ги јајцата и шеќерот и изматате ги со миксер додека не добиете убава и густа смеса, а потоа додадете ја ванилата и брашното, па повторно изматете со миксер уште неколку минути.

Излупете ги јаболката, убаво исчистете ги од семки и исечете ги на покрупни коцки кои ќе ги поставите директно во тавата обложета со хартија.

Врз јаболката прелијте ја смеса и ставете ја тавата да се пече од 55-60 минути во претходно загреана рерна на 170C.

Откако убаво ќе се испече оставете ја да се олади и послужете.

Добар апетит!

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....