-1.2 C
Скопје
05:44 - 11 март, 2026

Вил Смит се подготвува за големо враќање; „Судењето Деп-Херд го ишамара славниот шамар“

„Сан“ соопштува: ѕвездата која 10 години има забрана од Академијата, по шамарот што му ја упати на Крис Рок за време на ноќта на Оскарите, повторно ќе биде Роберт Невил во продолжението на филмот „Јас сум легенда“ (научнофантастичен хорор филм од 2007 година)  „До излегувањето на филмот работите многу ќе се сменат“, уверуваат добро упатените.
Вил Смит е на пат да се врати. Ноќта на Оскарите за него беше пресвртница: по шлаканицата која му ја „врачи“ на комичарот Крис Рок, виновен за несреќната шега на сметка неговата сопруга Џејда Пинкет Смит, за време на вечерта на доделување на статуетките (статуетката за најдобар актер му беше доделена на Смит, за улогата во филмот Кралот Ричард), актерот ѝ се извини на својата „жртва“ и потоа поднесе оставка од Академијата подготвен да се соочи со сите последици од случајот. А последиците беа забрана на секој настан на Академијата, „вклучувајќи – и не ограничувајќи се на – ноќта на Оскарите“ во времетраење од 10 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Smith (@willsmith)

По пресудата од Академијата, ѕвездата на Men in Black, се покаја и отиде во Индија на духовно патување и започна да „работи на себе“. Но, тој не се откажа од филмот, и се подготвува за својот голем камбек со продолжението на филмот „Јас сум легенда“.

„Сценариото е подготвено, а неговиот лик е таму“, вели извор за „Сан“. „Нема индикации од Ворнер Брос дека Смит ќе биде надвор од проектот“. Згора на тоа, продукцијата на филмот, во кој актерот повторно ќе ја има  улогата на научникот Роберт Невил кој се бори за опстанок, ќе биде на компанијата Вестбрук основана од самиот Вил Смит со неговата сопруга, па затоа е тешко да се замисли дека Вил Смит може да биде исклучен. И покрај вревата што се крена по Ноќта на Оскарите.

„Вил оди на терапија и поминува време надвор од центарот на вниманието“, вели за „Сан“ добро упатен извор. „Само помислете на Роберт Дауни Џуниор, Винона Рајдер, Дру Беримор…“ (сите од нив се соочија со големи скандали, па повторно победнички се вратија). А потоа, изворот додава: „Судењето Деп-Херд во голема мера го оттргна вниманието од шамарот на Крис Рок, а исто така негативното мислење што јавноста го имаше за Вил Смит е значително намалено. До објавувањето на филмот, за неколку години, работите ќе бидат многу поинакви“.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....