-1.2 C
Скопје
08:12 - 18 декември, 2024

„Викторија Бекам е перфидна и злобна“: Снаата Пелц плаче на социјалните мрежи: „Тоа што ми го прави е страшно“

Венчавката меѓу Никола Пелц и Бруклин, синот на Дејвид и Викторија Бекам беше секако нај(о)зборуваната и најочекуваната во 2022 година, дури и од печатот. Се одржа на 9 април на луксузниот имот во сопственост на семејството на невестата во Палм Бич и личеше на свадба од соништата. Деталната приказна за свадбата со ексклузивност, беше доверена на списанието „Вог“. На настан од ваков обем не можеа да изостанат истакнати личности.

Но, според последните откритија на некои значајни англиски списанија, врската меѓу снаата и свекрвата веќе не е идилична. Проблемите с појавиле и неколку недели пред свадбата. Поточно, Дејли Мејл уште оттогаш ја најави тезата дека постои студена војна меѓу Викторија Бекам и Никола Пелц. „Минатото лето, во три месеци од почетокот на јуни до крајот на август, на Викторија и се допаднале 20 објави на Никола постирани на социјалните мрежи. Бројки кои драстично паднаа по бракот. Во трите месеци по свадбата на 9 април, Никол лајкнал само 5 од 131 постови објавени на Инстаграм од нејзината свекрва. А во истиот период на Викторија и се допаднале само 6 од 35 објави од Никола “.

„Тие не можат да се поднесуваат и не зборуваат. Подготовката за венчавката исто така беше ужасна“. Според тоа што беше откриено од некои извори, сопругата на Бруклин не сакала да ѝ даде никаква улога на свекрвата во организацијата и подготовките за венчавката на Викторија. Главната причина била загриженоста дека поранешната спајсица би можела да го украде шоуто, но и љубомората една кон друга во борбата за најстариот син од куќата на Бекам.

Друг камен на сопнување е што Никола и Бруклин планираат со финансиска помош на татко ѝ, да лансираат модна линија, што на Викторија тоа не ѝ се допаднало. Таа смета дека Бруклин требда продолжи да се занимава со фотографија, а не со работи кои би биле конкурентни на работата која таа сама ја работи.

По венчавката, Бруклин исто така избра да го земе презимето на неговата сопруга, како доказ за тоа колку е длабока врската со семејството Пелц.

Но,  изгледа дека ситуацијата сепак ескалираше до тој степен што Никола се покажа во солзи на социјалните мрежи споделувајќи и многу силни зборови.

„Понекогаш ми е тешко да ги покажам тажните делови од мене. Растењето со седум браќа и сестри и двајца многу силни родители, ме направи навистина тврда, тие направија да не дозволам луѓето да ме срушат или да ми го повредат срцето. Тоа ме натера да поставам таков ѕид за да се заштитам себеси особено во оваа индустрија. Сите имаме денови кога луѓето прават да се чувствувате лошо и во ред е да бидете повредени поради тоа. Само мислев дека ќе напишам нешто затоа што никогаш не ја покажувам оваа моја страна. Сакав да ја покажам оваа моја страна. Сите ве сакам многу и навистина ја ценам сета ваша поддршка“, пишува Никола заблагодарувајќи се на поддршката на нејзинте фанови што се на нејзина страна (а не на страната на Викторија Бекам).

Во друга исповед, пренесуваат американските медиуми, Никола Пелц се исповедала на пријателите дека гледа многу злоба и перфидност во свекрвата. „Тоа што ми го прави е страшно“, рекла Никола, но секако, тука мисли на бројните игри зад позадината на јавноста, а не на „лајкчињата“ на социјалните мрежи за кои пренесуваат (броејќи ги) повеќето медиуми.

Слични објави

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо

(Фото) Јубилеен 60. роденден: Маријана и Росана прославија на различни континенти!

Еспресо

(Фото) Погледнете како изгледа синот на Зорица Брунцлик: Првото дете го родила на само 18 години, а пред Кемиша ги бакнувала овие познати музичари!

Еспресо

Саша Ковачевиќ со секси мускули: Поради тоа како изгледа во новите спотови, никој не ни обрнува внимание на песните

Еспресо

Милица Тодоровиќ ги откри мрачните тајни на шоу-бизнисот: На естрадата не се знае кој повеќе се дрогира

Еспресо
Се вчитува....