7.8 C
Скопје
23:23 - 31 март, 2026

„Видовитата“ норвешката принцеза Марта Луиз ќе се фокусира на бизнисот со алтернативна медицина, се откажа од кралските должности

Принцезата Марта Луиз од Норвешка се повлече од своите кралски должности за да се фокусира на сопствениот бизнис со алтернативна медицина со нејзиниот вереник Дурек Верет, пренесува The Guardian.

„Принцезата се откажува од улогата на кралски повереник и засега нема да го претставува кралското семејство“, се вели во официјалното соопштение на палатата.

Во исто време, според желбата на нејзиниот татко, кралот Харалд, принцезата Марта Луиз ќе ја задржи титулата.

Палатата објави и дека по свадбата на принцезата Марта Луиз, нејзиниот сопруг, американскиот исцелител Дурек Верет, ќе стане член на кралското семејство, но нема да добие титула и нема да ја претставува монархијата.

Правото да се вика Нејзиното кралско височество Марта Луиз го загуби во 2002 година, кога реши да работи како видовита. Во 2019 година, таа се согласи да не ја користи кралската титула комерцијално.

Во соопштението на палатата се вели дека двојката се согласила да не ја покажуваат својата поврзаност со норвешкото кралско семејство преку нивните социјални медиуми, комерцијални проекти и медиумски производи. Претставниците на кралското семејство истакнаа дека високо го ценат норвешкиот здравствен систем и важноста на потврдените медицински истражувања.

Во истото соопштение од палатата, самата принцеза Марта Луиз ѝ кажа на јавноста дека ја разбира важноста на „знаењето засновано на истражување“.

„Меѓутоа, мислам дека постојат компоненти на добар живот и физичко и ментално здравје кои можеби не е лесно да се сумираат во истражувачки извештај“, додаде принцезата.

Бисексуалец, злоставуван од татко му, поранешен деликвент…Кој е Шаман Дурек, гуруто што ќе ја ожени норвешката принцеза Марта Луиз

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....