10.8 C
Скопје
16:16 - 11 февруари, 2026

(Видео) Ѕирнете во собата на Колинда Грабар-Китаровиќ на Антарктикот: Оваа авантури чини 17.000 евра!

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ се впушти во патувањето на својот живот и во моментот ја истражува ледената убавина на Антарктикот.

Колинда Грабар-Китаровиќ вчера храбро скокнала во водата, чија температура е близу нула степени. Откако гумениот чамец пристигнал до местото за скокање, таа се фрлила во темниот, леден океан.

За авантурата која Колинда ја нарече „патување на својот живот“, според достапните информации, потребно е да се издвојат околу 17.000 евра. Таа сума покрива патување до еден од најнепристапните делови на планетата и нуди незаборавни искуства: од дружење со пингвини и брзо возење со моторни санки на мразот, па сè до најавеното „поларно нурнување“ (polar plunge), односно скокање во леденото море.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NOMADIK TRAVEL (@nomadik.travel)


На инстаграм-профилот на Кристијан Иличиќ, водачот на турата, денеска се појави видео, во кое може да се види како изгледа сместувањето на бродот (Колинда е една од 17-те патници).

„Секоја соба на нашите патници е идентична. Голем брачен кревет, фотелја, а добивме колачи и шампањ. Имаме и биро, телевизор и излез на балконот“, раскажал тој.

Тој ја покажа и бањата, па ја прочитал пораката во која се наведува дека бродот е еден од најдобрите за експедиции, одличен е за маневрирање. Тој открил дека екипата на ова патување ќе има „салон за набљудување“ (observation lounge), една вечер по нивен избор резервирана за собирање и забава со музиката што ја сакаат, а ќе имаат и вечер во трпезаријата.

„Кабините се одлично опремени, а некои се толку луксузни што нивната цена достигнува над 30.000 евра. Бродот има и спа-центар со сауна, џакузи, базен со поглед на глечерите, теретана и бројни други погодности. Со, секако, врвна храна“, напишал тој.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTIJAN ILICIC (@kristijanilicic)


Иличиќ открил дека на бродот има и научници кои одговараат на сите прашања што „патниците ги имаат за светот што ги опкружува во тој момент“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTIJAN ILICIC (@kristijanilicic)

Слични објави

(Видео) Биску до трагедија: Ѓорѓе Давид бил сведок на пијан возач кој возел во спротивен правец!

Еспресо

(Фото) „Се галевме цело утро“: Нивес Целзиус откри во чие друштво ужива

Еспресо

Уапсен тиктокерот Мирза Хатиќ: Познат и по обидот за рекетирање на Халид Бешлиќ

apostolova

Приватно обезбедување 24 часа пред вилата! Еве каде Здравко Чолиќ замина по бомбашкиот напад

Еспресо

„Госпоѓата знаела сè, зошто сега глуми жртва?“: Ана Николиќ со брутална реакција за ситуацијата на Милица Тодоровиќ

Еспресо

Бившата на Аца Лукас знае што сака: „Дајте ми нова бунда, не ми треба принц на бел коњ“

Еспресо
Се вчитува....