7.8 C
Скопје
23:48 - 31 март, 2026

(Видео) Жерар Пике ја донесе Клара на свадбата на својот брат, таа блеска од убавина! Упатените уверуваат: И фудбалерот наскоро ќе се жени! 

Додека Шакира ја заинтригира јавноста со врската со британскиот Формула 1 возач Луис Хамилтон, нејзиниот поранешен партнер продолжува да ја воведува својата сакана во тесниот семеен круг.

Минатиот петок Жерар Пике заедно со неговата девојка, 24-годишната Клара Чиа Марти присуствуваше на свадбата на неговиот брат Марк и неговата свршеница Марија Валц.

Интимната церемонија, која го собра целото семејство, се одржа во црква во Сан Вичен де Монталт, Шпанија. Потоа, гостите заминале во една адаптирана фарма во Лаванереш, каде што на големо го прославиле настанот.

Судејќи по фотографиите и видеата, Жерар и Клара расположени ја напуштиле црквата – се држеле за раце и се насмевнувале.

Претходно беше објавено дека токму на тој ден фудбалерот ќе ѝ даде предлог за брак на својата сакана. Сепак, папараците не успеале да го видат ниту фотографираат дијамантскиот прстен на раката на Клара. Можеби Жерар решил да не му ја „украде“ прославата на својот брат и да ја одложи свршувачката за следниве денови.

 

Како и да е, Клара блесна таа вечер. За свечената пригода таа се одлучи за плетен фустан со прерамки и со V-деколте во златна боја, кој го комбинираше со проѕирни сандали. Пике беше облечен според свадбениот кодекс на облекување – во строг син костум.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....