01:20 - 7 април, 2026

(Видео) Вин Дизел ја одведе до олтарот ќерката на неговиот починат пријател Пол Вокер

Познатиот актер Вин Дизел (54) чекореше со Медоу Вокер (22) на нејзиниот најпосебен ден и ја придружуваше до олтарот. Медоу е ќерка на глумецот Пол Вокер, кој го загуби животот пред осум години. Дизел и Вокер биле најдобри пријатели.

Со видеото и фотографиите од венчавката што ги објави Медоу на нејзиниот профил на Инстаграм, разнежни многу фанови на филмот „Брзи и бесни“.

– Ова е толку емотивно. Фактот што Вин ве придружуваше до олтарот ме расплака – напиша еден од следбениците на Медоу.

Instagram

„Пол е горд и многу среќен“, беше уште еден коментар.

Емотивната фотографија собра повеќе од 800.000 лајкови за само неколку часа.

Да потсетиме, Медоу Вокер имаше 14 години кога нејзиниот татко загина. Тоа беше за време на снимањето на седмиот дел од франшизата, а филмот беше завршен со помош на неговите браќа Коди и Кејлеб и со употреба на CGI.

 

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....