13.8 C
Скопје
17:56 - 12 март, 2026

(Видео) Уште не започнало шоуто „Пинкови ѕвезди“ а Карлеуша и Десингерица веќе се во војна!

Новата сезона на „Пинкови ѕвезди“ наскоро ќе почне да се емитува, а финалната аудиција се одржа вчера, на која беше присутно целото жири.

Иако снимањето официјално не беше започнато, на аудицијата веќе имаше расправии помеѓу, како што се очекуваше, Јелена Карлеуша и Драгомир Депсиќ Десингерица.

Имено, еден од кандидатите бил на сцената пеејќи без подлога, а Јелена го прекинала токму за да побара да се пушти музика во позадина додека ја изведувал песната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pink.rs (@pink.rs)

Десингерица веднаш реагираше бурно на ова, несогласувајќи се кандидатката да пее со матрица, а Јелена веднаш му врати.

– Не ми викај! Исклучи го, не можам да се справам со овој човек – рече Јелена, меѓу другото.

Десингерица ја исплаши Вики Миљковиќ со своето викање, таа не можеше да поверува како се однесува, а кога тој скокна, таа почна да го смирува.

– Седни, седни! – му се налути Вики.

Членови на жирито оваа сезона во „Ѕвездите на Пинк“ се, покрај Десингерица и Јелена, Зорица Брунцлик, Драган Стојковиќ Босанац и Вики Миљковиќ.

Слични објави

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Александра Радовиќ собира средства за обнова на манастир од 15 век

Е.А.

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо
Се вчитува....