14:42 - 5 декември, 2025

(Видео) Тој е единствениот партнер кој Марија Шерифовиќ ѝ го претстави на јавноста: „Љубовта на далечина едноставно не траеше”

Славко Калезиќ е единствениот маж кој Марија Шерифовиќ и го претстави на јавноста.

Како бомба одекна во јавноста веста дека Марија Шерифовиќ стана мајка. На 2 декември преку сурогат мајка во Соединетите Американски Држави го добила синот Марио, додека за таткото на своето дете не сака да зборува.

Српската пејачка истакна дека постои договор за доверливост кој ја спречува да зборува за таткото на нејзиниот син на кого ќе му објасни се кога ќе дојде време. Бидејќи за приватниот живот на Марија има поголем интерес од кога било, многумина се сетија и на нејзиното единствено момче кое јавно го претстави – Славко Калезиќ.

За нејзиниот љубовен живот одамна не се знае речиси ништо, но многумина се сеќаваат на нејзината романса со црногорскиот пејач Славко Калезиќ. Недолго откако Марија Шерифовиќ ги бранеше боите на Србија на Евровизија и победи со песната „Молитва“, таа за прв пат во јавноста го покажа своето тогашно момче Славко. Марија и Славко беа во врска шест месеци, а во нивната врска која беше јавна, никогаш не ги криеја своите емоции.

На интернет кружеа дури и фотографии на кои се гушкаат и бакнуваат, а половина година подоцна раскинаа, за што Марија јавно проговори и истакна дека врската не им одела.

“Морам да се фокусирам на работата и не сакам никого да оптоварувам. Љубовта на далечина едноставно не траеше”, изјави таа тогаш.

По раскинувањето, Славко продолжи да ја гради својата кариера. Во 2017 година ја претставуваше Црна Гора на Евровизија, а многумина велеа дека врската со Марија го прославила или барем му помогнала да „протурка“ подалеку.

„По нејзината победа бевме заедно. Искрено, тогаш разговаравме, но искрено таа не ми помогна во кариерата, имав своја стратегија“, изјави тој за време на гостувањето во една емисија.

Слични објави

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо
Се вчитува....