14:22 - 31 јануари, 2026

(Видео) Со помош на вештачка интелигенција излезе нова песна од Тоше Проески

„Kажу да време лечи све” е насловот на песната која се чинеше дека можеби никогаш нема  да го здогледа светлото на денот.

Но со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка.

Тоше и Ерик во студио

Демо снимката од песната била оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој Тоше го имал, на познатиот радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како диџеј Ерик Фокс. Кирил одлучил демо снимката комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Првата демо снимка е направена во септември 2004та година во домашното студио на Кирил.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс). Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД  Костадин Камчев -“Студио Моцарт” од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

Голема благодарност до целата екипа кои што несебично помогна во реализацијата на песната; Давор Јордановски, Дарко Тасев, Иле Спасев, Јован Јованов и Александар Тасиќ од Лесковац. Посебна благодарност до Александар Трајковски кој што ја донесе песната во Македонија и му ја понуди на Тоше–  се заблагодари Кирил.

За спотот се погрижи екипата на “Студио 351” од Кавадарци, светски познати по изработката на лирикс видеа за најголемите светски звезди како Аријана Гранде, Дејвид  Гета, Ед Ширан, и многу други. А најголема благодарност е искажана до семејството на Тоше за неизмерната подршка за овој проект.

Во продолжение слушнете ја песната.

 

Слични објави

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо
Се вчитува....