7.7 C
Скопје
00:07 - 1 април, 2026

(Видео) Симона Поповска со спот за макфестовската песна: „Секој може да го разбуди фениксот во себе“

По настапот на годинешниот музички фествал Макфест, кој се случуваше во петокот и саботата во Штип, пејачката и докторка Симона Поповска лансираше и спот за новата песна насловена Бакни ме за крај.

Песната и спотот носат порака против семејното насилство и воопшто насилството врз девојките и жените.

„Статистички секоја четврта жена во светот е жртва на родово базирано психолошко насилство од страна на партнерот, а токму преку фениксот кој беше инспирација и за креацијата што ја носев на Макфест сакав да ја испратам пораката што се појавува и на крајот од видеото – дека секој има свој пат и право да го изоди. Секој треба и може да го разбуди фениксот во себе, кој всушност ја симболизира трансформацијата и обновувањето“, објасни Симона, која инаку, носеше креација од модниот дизајнер Златко Јовановски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Krste Supev (@krsteshupev)

Згодната Охриѓанка се врати на музичката сцена во полн сјај, откако се омажи и роди две деца поради кои направи пауза од музиката.

Симона најави дека сега е време да се посвети на музиката, а наскоро од неа може да очекуваме и нова песна.

– Следните соништа ми се да направам албум, но онаков каков што јас сакам, со оние песни коишто мислам дека се за мене. И да напрвам концерт во иднина, рече Симона за еспресо, и додаде дека прво би сакала да ја освои македонската публика, а потоа ќе се стреми кон регионот.

(Фото) На Макфест, згодната Симона Поповска отворено за корекциите: „Имам ботокс и филер, немам против силикони на гради“

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....