10:57 - 11 јануари, 2026

(Видео) Шакира ќе добие статуа висока седум метри: „Со споменикот сакаме да ѝ се оддолжиме на пејачката“

Колумбијската пејачка Шакира достигнува легендарен статус бидејќи е една од ретките уметници кои во својот роден град ќе добие статуа.

Причината за оваа одлука на градоначалникот на Баранкила е оддавање почит за заслугите на нејзината фондација „Пиес Дескалзос“ која до сега им помогнала на многу луѓе преку нејзината филантропска работа.

Градоначалникот Хаиме Пумарехо најави дека статуата на пејачката Шакира наскоро ќе биде поставена на стратешка локација во градот каде што е родена.

Според градоначалникот, граѓаните ќе бидат задолжени да го изберат -преку гласање- просторот каде што ќе биде поставен овој споменик.

„Прашањето што им го поставуваме на луѓето од Баранкила е каде сакаат да ја видат оваа статуа, каде би сакале да ја поставиме, и на тој начин да учествуваме сите во реализацијата на проектот, но и сите заедно да испратиме благодарност кон оваа уметница која го афирмира името на нашиот град и го прослави наоколу светот“, рече тој.

Градоначалникот посочи дека работата на статуата е во процес и за неа е задолжен еден од најдобрите скулптори Јино Маркез.

„Ќе ѝ оддадеме почит на Шакира. За неколку месеци ќе ја откриеме нејзината статуа за луѓето од Баранкила да се чувствуваат горди на оваа културна референца, но и посетителите да дојдат да ја видат, да се фотографираат тука, да останат да преноќат во хотел и да инвестираат во нашиот прекрасен град“, рече тој.

Скулторот Јино Маркез потврди дека скулптурата на пејачката Шакира ќе биде висока седум метрии ќе биде изработена во бронза.

„Процесот во моментов е во фаза на подготовка“, објасни тој.

Слични објави

(Фото) Прослава во домот на Пеѓа Јовановиќ: Неговата сопруга се обрати со емотивни зборови, објави досега невидени семејни фотографии

Еспресо

Хороскоп за 11 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата

Еспресо

„Сакаше да се омажи за мене ако ѝ купам стан и автомобил“: Познат пејач добил директна понуда од Мина Костиќ

Еспресо

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот објави трогателна фотографија и објава

Еспресо

ВИДЕО | Ела Дворник откри долго чувана семејна тајна: „Мојот татко имаше сериозна болест“

Е.А.

Дневен хороскоп за 10 јануари: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....