05:44 - 29 март, 2026

(Видео) Шакира и Жерар Пике се сретнаа на бејзбол натпреварот на нивниот син

Шакира и Жерар Пике, кои не комуницираат по скандалозното раскинување во јуни поради неверството на фудбалер, се сретнале на бејзбол натпреварот на нивниот деветгодишен син Милан.

Според TMZ Sport, поранешните партнери биле на неколку метри оддалеченост и немале никаков контакт меѓу себе.

Шакира на натпреварот на синот дошла со неколку пријатели, додека Пике се појавил во друштво на мајка си.

Да потсетиме дека Шакира и Жерар Пике најавија дека се разделуваат годинава во јуни. Причина за тоа беше постојаните неверства од страна на Пике. Сепак, парот не успеа да се разделат мирно. По раскинувањето, пејачката бараше старателство над децата со кои планира да замине во САД. Пике се согласил на ова само доколку Шакира секоја година му плаќа пет летови од прва класа до САД.

Друга причина за конфликтот беше аферата на Пике со вработената во неговата компанија Клара Чиа. Тој неколку пати се појави со новата љубовница на јавни места, иако уште пред разделбата Шакира и Пике се договорија една година да не се појавуваат во јавноста со нови љубовници.

Претходно, пејачката во едно интервју го коментираше раскинувањето и истакна дека тешко го минува ова време, но се обидува да остане силна поради децата.

Шакира и Жерар Пике беа заедно 11 години и имаат два сина: деветгодишниот Милан и седумгодишниот Саша.

Слични објави

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....