5.8 C
Скопје
06:55 - 1 април, 2026

(Видео) Се огласи Шемса по стравичниот пад од бина: „Слетувањето беше безболно, на задникот…“

Публиката во швајцарскиот град Шлирен, во клубот „Хенодик“, која завчета вечерта ја забавуваше легендарното дуо на некогашните пет солисти на „Јужен ветер“, Шемса Суљаковиќ и Кемал Маловчиќ, беше сведок на немил настан.

Се беше на врвно ниво, публиката, атмосферата, организаторот… И тогаш, среде целата убавина на забавата, се случи несакан момент. Имено, за време на изведбата на еден од нејзините хитови,  Шемса Суљаковиќ падна од сцената. Сите останаа шокирани од тешкиот пад кој, за среќа, немаше поголеми последици за Шемса. Професионалноста и смиреноста беа победници и во оваа ситуација.

– Сцената е мала, а се граничи со минијатурна, декоративна ограда. Не обрнав внимание. Всушност, не ја ни видов. Додека пеев, за да бидам поблиску до посетителите се закачив за ограда. Плашејќи се да не паднам со лице, скокнав и се најдов на задникот, а потоа се превртив во шега, се исмејував на своја сметка пред публиката и продолжив со пеењето по првиот пад во целата моја кариера. Ете, се приклучив и јас на групата пејачи „падавичари“ – изјави Шемса за босанските портали.

– Не е тоа некоја висина, „слетувањето“ беше безболно. Сега само чувствувам болка во рамото и задниот крај на ‘рбетот. Ставав мраз. Утре патувам за Шведска, од каде што дојдов во Швајцарија. Се ќе биде во ред, со Божја помош. Ви благодарам за грижата, а исто така и на оние кои набрзина ставија сè на социјалните мрежи. ека се здрави и среќни како што беа кога настапував. Тие се одлична публика и навистина ме сакаат – добронамерно додаде кралицата на фолк сцената.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....