9.8 C
Скопје
22:19 - 4 октомври, 2026

(Видео) Рита Ора ги налути Србите поради реакцијата на Новак Ѓоковиќ: „Прости ѝ, боже, не знае што прави“

Видеото предизвика бурни реакции кај српските тиктокери кои во коментарите напишаа пофалби за Ѓоковиќ, за да ѝ покажат дека ги налутила.

Пејачката со албанско потекло Рита Ора (32) на 14 јули го објави својот нов албум „You&I“, кој беше објавен на Спотифај, а пејачката ја објави и својата видео реклама за албумот во Лондон на Лестер Сквер. Возбудена отишла на плоштадот да се фотографира пред рекламата, а на шега глумела дека е незаинтересирана за другие видео реклами.

@ritaora

When you’re waiting for your billboard in Leicester Square 😅😍 Thanks @Spotify

♬ Waiting for You – Rita Ora

Една од рекламите била и онаа од брендот ”Lacoste”, на која позира и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, а пејачката гледајќи во неговата фотографија одмавнува со раката.

Нејзиното видео предизвика бурни реакции кај српските тиктокери кои во коментарите само напишаа пофалби за Ѓоковиќ, за да ѝ покажат дека ги налутила со видеото.

„Ха ха, мавни, мавни, душо гледаш легенда“, „Ноле е крал“, „Ноле е прв“, „Ноле е икона“, „Прости ѝ, боже, не знае што прави“, се само дел од коментарите под видеото.

Да потсетиме, Рита Ора ги налути Србите и на крајот на минатата година кога објави видео на ТикТок со ефект на орел, што многумина го сфатија како провокација поради елиминацијата на Србија од Светското првенство во Катар.

 

Слични објави

Куќата на пејачката од „Ѕвездите на Гранд“ е целосно пропадната, крш насекаде, дворот полн со ѓубре

Еспресо

Ќе се обновува родната куќа на Тома Здравковиќ — нова иницијатива за зачувување на ликот и делото на музичката легенда

Е.А.

„Вјекослава ја познавам од мојата 19-та година“: Данијела Мартиновиќ искрено за мајката на Хана Хуљиќ

Е.А.

Неделен хороскоп од 5 до 11 октомври: Скорпиите ги очекуваат разговори за иднината, Раковите ги мачат морални дилеми

Т.Ц.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ првпат ја покажа дневната соба — вака изгледа вистинската елеганција без нималку кич

Еспресо

„Кој губи има право да се лути“: Карлеуша „згрме“ од Милано, а сега и Зоран со еден потег предизвика лавина од реакции

Еспресо
Се вчитува....