11.8 C
Скопје
20:45 - 3 април, 2026

(Видео) Прво огласување на Јована Јеремиќ по заминувањето во Америка „Никогаш веќе нема да биде исто“

Популарното ТВ лице моментално е на лет за Њујорк.

Водителката и заштитно лице на телевизијата „Пинк“, Јована Јеремиќ, рано утрово пристигнала со скап автомобил Ролс Ројс на белградскиот аеродром за да замине за САД со нејзиниот емотивен избраник Драган Станковиќ.

Јеремиќ ќе известува за претседателските избори на Соединетите Американски Држави каде за претседателската функција се борат Камара Харис и Доналд Трамп.

Невозможно било да не се забележи аутфитот на Јована. Имено, водителката за оваа прилика избрала розов костим речиси идентичен каков што порано носеше Џеки Кенеди, првата дама на САД и сопруга на убиениот американски претседател Џон Кенеди.

Сепак, Јована откако се качи на летот, исто како и Драган, се пресоблече во полежерен аутфит, со оглед на тоа дека ќе патува цел ден и вечерва во 11 часот ќе слета директно на њујоршкиот аеродром.

Јована сега се огласи од авион, објавувајќи фотографија со симболичен опис на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

„Летај моја птицо, небото тво е кристално чисто. Од сончевите искри крилјата ти сјаат, бескрајното пространство е само твое. Летај моја птицо, зашто веќе никогаш нема да биде исто…Среќен пат“, напиша Јеремиќ.

Поддршка на Јована ѝ пружи и Милица Митровиќ, која на својот инстаграм-профил сподели снимка од нејзиното пристигнување на аеродром во луксузен „ролс-ројс“ со таблички ЖЕКС 8.

 

Слични објави

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....