12:17 - 10 ноември, 2026

(Видео) Ова е младиот херој од Загреб – емотивна средба и солзи радосници со Иван кој ѝ го спаси животот на Снежана во страшната бура

„Немам зборови! Направи нешто за мене што никој никогаш не го направил! Навистина! Ми го спаси животот!”,  вели Снежана Фајфер, загребчанката која деновиве благодарение на младиот херој Иван Метикош, беше спасена од страшното невреме што ја зафати Хрватска и регионот.

„Тоа е навистина мала работа“, ѝ одговори Иван со насмевка. Снежана се расплака и додаде:

„Тоа е нашиот млад херој и сите нека се угледаат на него“.

Иван вели дека му е мило што успеал да ѝ помогне на Снежана и раскажа што се случило.

„Не би рекол дека сум херој. Додека возевме, паднаа две дрвја и една бандера пред нас. Не можевме да ги избегнеме. Единствена опција ни беше да се повлечеме до зградата за да не падне уште некое дрво врз нас. Ја видовме госпоѓата како стои веднаш до бандерата, а ние ѝ помогнавме, кажа Иван.

Снежана на враќање од работа ја зафатло невреме, силниот ветер почнал кога дошла пред зградата во која живее. На тоа место сосема случајно се нашол 24-годишниот фитнес тренер Иван Метокош заедно со својата девојка.

Слични објави

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо
Се вчитува....