21 C
Скопје
20:37 - 18 јуни, 2026

(Видео) Ова е младиот херој од Загреб – емотивна средба и солзи радосници со Иван кој ѝ го спаси животот на Снежана во страшната бура

„Немам зборови! Направи нешто за мене што никој никогаш не го направил! Навистина! Ми го спаси животот!”,  вели Снежана Фајфер, загребчанката која деновиве благодарение на младиот херој Иван Метикош, беше спасена од страшното невреме што ја зафати Хрватска и регионот.

„Тоа е навистина мала работа“, ѝ одговори Иван со насмевка. Снежана се расплака и додаде:

„Тоа е нашиот млад херој и сите нека се угледаат на него“.

Иван вели дека му е мило што успеал да ѝ помогне на Снежана и раскажа што се случило.

„Не би рекол дека сум херој. Додека возевме, паднаа две дрвја и една бандера пред нас. Не можевме да ги избегнеме. Единствена опција ни беше да се повлечеме до зградата за да не падне уште некое дрво врз нас. Ја видовме госпоѓата како стои веднаш до бандерата, а ние ѝ помогнавме, кажа Иван.

Снежана на враќање од работа ја зафатло невреме, силниот ветер почнал кога дошла пред зградата во која живее. На тоа место сосема случајно се нашол 24-годишниот фитнес тренер Иван Метокош заедно со својата девојка.

Слични објави

„Татко ми се срамеше кога открив дека израснал во дом“ – Слаткар со лична семејна приказна

Еспресо

Шако Полумента тврди дека неговата сопруга е „света“, но ја изневерувал каде што стигнал: „Таа знае за сите мои љубовници“

Еспресо

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина бара забрана за концертот на Јелена Карлеуша во Сараево

Еспресо

(Фото) Новата колекција на „Капитол“ – комбинација од елеганција, удобност и современ машки изглед

Еспресо

„Ќе јадам паштета додека не се заврши куќата“: Бремената Едита Арадиновиќ гради луксузна вила со базен на Авала

Еспресо

„Живееме на ист кат“: Српска пејачка откри детали за Милица Тодоровиќ, еве што прави откако се повлече од јавноста

Еспресо
Се вчитува....